Македонија
„Репортери без граници“: Македонија на 109. место според слободата на медиумите, последна во регионот
Македонија е рангирана на 109. место во најновиот извештај за слобода на медиумите на „Репортери без граници“, што е напредок за две места во споредба со минатата година, кога беше на 111. позиција. Сепак, земјава е меѓу послабо рангираните во споредба со земјите од регионот. Најслободни медиуми има во Словенија, која е на 32. место, Босна и Херцеговина е 62., Хрватска 68, Грција 74, Албанија е 75, Србија 76, Косово 78, Црна Гора 103., а Бугарија е на 111. место.
Во делот на извештајот што се однесува на Македонија се вели дека „систематските напади на слободата на медиумите била констатна појава за време на децениското владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кое конечно заврши со изборот на новата влада во јуни 2017 година“.

„За време на десетгодишното владеење Груевски воспостави ниво на контрола врз медиумите што не можеше да се спореди со ниедна друга балканска земја, а многу опозициски медиуми мораа да згаснат“, е заклучокот на „Репортери без граници“ кои оценуваат дека Јавниот радио-телевизиски сервис „сè уште е во служба на ВМРО-ДПМНЕ“. Во извештајот се додава дека „падот на режимот на Груевски доведе до намалување на владината контрола врз медиумите, но сè уште е рано со сигурност да се оценат владините намери да создаде трајно подобрување на ситуацијата. Нема значителни промени во економската ситуација на новинарите во Македонија кои се слабо платени, а работните места не им се сигурни“.
Во светот најслободни медиуми има во Норвешка, Шведска и Холандија, а слободата на медиумите е најзагрозена во Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја. Слободата на медиумите во светот е намалена во текот на минатата година, а омразата кон новинарите се засилува во Европа и во САД, што е закана за демократијата, се наведува во годишниот извештај на невладината организација. Според „Репортери без граници“, слободата на медиумите во 21 држава е класифицирана како „многу сериозна“.
Четири европски земји бележат најлоши резултати минатата година, додека САД бележат пад од две места и се на 45. место од 180 држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

