Македонија
Рикер телефонски му ја честита новата позиција на Османи, наскоро доаѓа во земјава
На првиот работен ден како министер за надворешни работи, Бујар Османи оствари официјален телефонски разговор со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Филип Рикер.
Честитајќи за новата позиција на Османи, амбасадорот Рикер ја реафирмираше силната поддршка на САД за Република Северна Македонија, имплементирана преку стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и преку нововоспоставеното партнерство во НАТО, информираат од кабинетот на Османи.
„Дозволете да ја пренесам нашата огромна почит за вашата континуирана поддршка, со видливи резултати во создавањето на севкупниот напредок на земјата. Како стратешки партнери, САД можат да се потпрат на земјава како на искрен и лојален партнер на Балканот, особено во рамките на нашиот искрен придонес во решавање на регионалните прашања“, истакнал Османи, посочувајќи ја Република Северна Македонија како земја – пример за тоа како се затвораат отворените билатерални прашања.
На крајот од разговорот, Османи го поканил Рикер да ја посети земјата, што било со задоволство прифатено од негова страна, најавувајќи дека тоа ќе го стори наскоро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

