Македонија
(Видео) Робертсон: Македонија во 2001 беше пред распад, но сега е пред портите на ЕУ и НАТО
Последен пат во Скопје давав изјава пред 17 години, но тогаш бев присутен во државата во време на криза, а сега сум тука во период кога Македонија се обидува да се интегрира во евро-атлантската алијанса, изјави лордот Џорџ Робертсон на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.
– Во 2001 година во Македонија имаше длабока поделба помеѓу народите и голема можност за поделба на државата, но благодарение на Рамковниот договор и одлуката на тогашните политички партии, тоа не се случи – рече Робертсон.
Како што кажа, групата „Охрид“ ќе ѝ помогне на Република Македонија успешно да влезе во ЕУ и НАТО.
– Го избравме името на групата да биде „Охрид“ бидејќи овој град претставува единство во земјата – рече Робертсон по што додаде дека сите членови од групата се големи пријатели на Македонија.
Тој истакна дека оваа група нема да се меша во внатрешната работа на земјата и дека ќе бидат отворени и за власта и за опозицијата.
– Не сме тука да даваме лажни ветувања. Важно е Македонија да донесе добра одлука, која можеби нема да биде толку популарна, но ќе биде исклучетелно важна за идните генерации – рече Робертсон.
Поранешниот генерален секретар на НАТО не сакаше да ја коментира одлуката на кривичниот суд пред две недели да бидат ослободени обвинетите за убиството на тројцата полицајци кај Арачиново од 2000 година по што рече дека земјата не треба да се навраќа назад, туку треба да гледа напред.
Робертсон исто така кажа дека решението за спорот за името со Грција ќе им го остави на двете држави и дека нема да се меша во одлуката.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

