Македонија
САД ѝ честитаа на Македонија за пристигнувањето на 24.000 дози од вакцината од „Астра зенека“
САД ѝ честита на Македонија за пристигнувањето на 24.000 дози од вакцината од „Астра зенека“.
Оваа пратка, велат од УСАИД, е прва од неколкуте во наредните недели и e овозможена од Владата на Северна Македонија која, како што се наведува во соопштението, ја покажува посветеноста за здравјето на своите граѓани преку искористување на Ковакс системот за рамномерна распределба на вакцините за Ковид-19.
„Задоволна сум дека овие вакцини, овие дози на надеж, финансирани од вашата влада, пристигнаа преку Ковакс денес“, рече амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз.
„На сите земји им треба пристап до вакцините за да се запре пандемијата. Брзото ширење на Ковид-19 покажа дека ниту една нација не може да дејствува сама против овој глобален предизвик”, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

