Македонија
Санација на депонијата „Русино“ од март
Депонијата „Русино“ ќе се санира од март, а надзорот ќе го врши Државниот инспекторат за животна средина. На координативната средба, иницирана од Инспекторатот за животна средина со Центарот за развој на Полошкиот Плански Регион, Општината и Јавното комунално претпријатие во Гостивар, како и Регионалното претпријатие за управување со отпадот, формирано од сите општини во Полошкиот Регион, се договорија следните активности: интервентните мерки за контрола на исцедните води од депонијата и организациските подобрувања на приемот и отстранувањето на отпадот ќе се следат од Државниот инспекторат за животна средина. Изведбата на овие мерки и самиот надзор ќе почнат во текот на март. Пред да почнат работите Инспекторатот ќе ги добие на увид проектната документација и динамичкиот план за реализација на активностите за соодветно да се планираат редовните и вонредните надзори.

Координирана акција на државни и локални инспектори за мапирање на ѓубриштата по што градоначалниците на општините во Полошкиот Регион ќе добијат известување од Инспекторатот за да организираат чистење во согласност со законот. Државниот инспекторат за животна средина константно ќе има комуникација и со претставници на иницијативата „Стоп Русино“, со цел соработка и размена на информации со граѓаните за начинот и резултатите од спроведувањето на надзорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

