Македонија
Сараево, Белград и Скопје меѓу најзагадените градови во светот

Сараево, Белград и Скопје изутринава се меѓу најзагадените градови во светот. Главниот град на Босна и Херцеговина, утрово е второрангиран на листата на најзагадени места во светот според мерењето „AirVisual“.
Според оваа листа, на табелата која беше објавена изутринава на прво место е Бишкек, Киргистан, на второ место е Сараево, додека на третата позиција е Делхи во Индија.
Во однос на регионот, загадени градови се Белград, Скопје и Приштина. Белград е на шестото место на листата, пред Скопје кое што е на седмото место.
AQI го подготвува Индексот за квалитет на воздухот и се фокусира на најопасните честички, вклучувајќи ги и оние помалку од 2,5 микрометри и помеѓу 2,5 микрометри и 10 микрометри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на ГП Блаце во двата правци се одвива нормално за патничките моторни возила

Од 21:50 часот сообраќајот на ГП Блаце, во двата правци се одвива нормално за патничките моторни возила, а наизменично движење за ТТМВ со хладњачи додека за ТТМВ со церади движењето е се уште забрането, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затварач од ф – 2,5 “ на улицата 16 – та Македонска Бригада б.б без вода ќе останат дел од корисниците од улиците 16-та Македонска Бригада, Лазар Поп Трајков, Трифун Хаџи Јанев и Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Денеска сончево и многу топло, од среда значително опаѓање на дневната температура

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Времето во наредните денови
Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Во среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а дневната температура ќе биде во пораст.