Контакт

Македонија

Саша Богдановиќ негативен на тестот за коронавирус

Објавено пред

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, нема коронавирус. Тој се тестирал откако било потврдено дека секретарот на Општината, Ралевска, е позитивна.

„Сакам да ве информирам дека ги добив резултатите од тестот за Ковид-19 и дека тие се негативни. По позитивниот тест на секретарот на општина Центар, во интерес на општината и вработените, одлучив да се самоизолирам и јас да направам тест за Ковид-19. Во изолација останувам до втор негативен тест“, напиша Богдановиќ.

Тој наведува дека општината, тој и вработените од самиот почеток на пандемијата децидно и без исклучоци ги почитуваат мерките препорачани од надлежните институции, како што се одржувањето задолжителна дистанца, носењето  заштитни маски и одржувањето личната хигиена.

„На секретарот му посакувам брзо и лесно заздравување. Апелирам до сите да се придржуваат до препораките на Владата и Министерството за здравство затоа што коронавирусот не бира кого ќе зарази и никој од нас не е имун на него. Да бидеме одговорни, да ги почитуваме доследно препораките“, напиша Богдановиќ на Фејсбук.

Македонија

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска Влада

Објавено пред

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска Влада, Влада која ќе остане посветена на прогресивните вредности, Влада што ќе овозможи државата да продолжува да напредува со овој забрзан ритам, како внатрешно, така и на меѓународен план, вели премиерот на Шпанија, Педро Санчез, во видео порака за поддршка до претседателот на СДСМ, Зоран Заев и коалицијата „Можеме“.

„Сакам да испратам порака за поддршка на предизборната коалиција „Можеме“ што ја предводи мојот драг пријател Зоран Заев од СДСМ. Тоа е порака која ја испраќам не само поради социјалдемократскиот идеал кој го споделуваме, туку и поради моето лично убедување дека Владата на Заев работеше посветено на овој идеал во изминатите три години и придонесе за значителни подобрувања во однос на минималната плата, социјалната помош и пензиите. Пораката ја испраќам и како убеден европеист. СДСМ, така гласи кратенката на македонски јазик на партијата која ја предводи Заев, со Договорот од Преспа, стави крај на долготрајниот спор со Грција, истовремено напредувајќи кон надминување на спорот со другиот сосед, Бугарија. Тоа и овозможи на Северна Македонија да стане членка на НАТО во март оваа година и да дојде на чекор до почетокот на пристапните преговори со ЕУ“, вели Санчез.

Како од Мадрид, така и од Скопје, додава тој, нè обединува заедничката цел, дека врадностите на солидарноста, демократијата, почитувањето на човековите слободи и права се столбот на кој почива европскиот проект.

Поради тоа, вели шпанскиот премиер, сакам да ги истакнам и напорите на Владата на СДСМ во борбата против пандемијата и економските последици на кризата, настојувајќи, секој пат, да не остави никого зад себе.

„Исто така сакам да ја истакнам социјалната агенда на Владата предводена од Заев, која значително се приближи до европската социјална агенда, преку реформите на пазарот на трудот, во однос на правата на граѓаните како на пример преку Законот за заштита од дискриминација. Тоа не се политики и приоритети преземени како стратегија, туку како убедување дека само на тој начин, преку тие реформи, ќе се даде придонес за подобра иднина на општеството. Општество кое ќе биде инклузивно“, вели Санчез.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Јанушев од Чешиново-Облешево: Љупчо Николовски наместо за земјоделците се грижи за личните интереси

Објавено пред

Денес Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3, Игор Јанушев ја посети општината Чешиново – Облешево. Од таму Јанушев порача дека СДСМ ќе падне на овие избори бидејќи ништо не направија за граѓаните ниту во земјоделството, ниту во другите полиња.

„ Имавме средба со оризопроизводителите со кои што разговаравме за нивните проблеми и за она што идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи односно ќе помогне на овие луѓе за како полесно да се справат со проблемите. Она што го слушнавме од оризпроизводителите е огромната запоставеност и негрижа која што ја добиваат од оваа власт“, истакна Јанушев.

Јанушев додаде дека тоталното игнорирање на земјоделците, негрижата и не залагање да им се помогне е одлика на СДСМ и Николовски.

„ Но што друго може да очекуваат од таков човек. Човек што само после година дена избега од министерството, и се сокри позади партиската функција“, нагласи Јанушев осврнувајќи се за поранешниот неспособен министер Љупчо Николовски кој ги запостави земјоделците.

Јанушев порача дека ВМРО-ДПМНЕ знае како треба да се помогне на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ знае како треба да се работи напорно за обезбедување на подобри услови на земјоделците.

„ Пред некој ден ме запрашаа кои се трите приоритети за изборната единица 3. Она што тогаш го кажав го повторив и сега пред жителите на Чешиново – Облешево. Под еден ќе биде земјоделието, инвестициите во земјоделието и она што сакаме да го постигнеме во четиригодишниот мандат е да имаме еден среќен, горд земјоделец кој што ќе живее еден нормален и достоинствен живот. Но достоинствен живот не само за земјоделците туку за сите граѓани на државата, за сите во Република Македонија. Она што го гледаме исто така во средбите со сограѓаните е огромното незадоволство буквално во секое поле“, појасни Јанушев.

Јанушев ги повика од СДСМ да кажат или да посочат барем еден проект, не мора да е само во земјоделието нека биде од било кое поле., со кој што тие мора да се пофалат. Нешто што сами го направиле, го смислиле, го финансирале или барем го започнале. Но за жал такво нешто не постои.

„ Ова се убедливо најнеспособните луѓе, еден од тие најнеспособни е токму Љупчо Николовски. Тоа е човек кој нема ништо направено за државата, единствено е што тој и другите од СДСМ мислат на своите лични интереси. И токму затоа и ќе паднат“, потенцираше Јанушев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите, но вистинскиот противник е корупцијата

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на Конференцијата на ОБСЕ на високо ниво посветена на „Доброто владеење и борбата против корупцијата во дигиталната ера“, во организација на албанското претседавање со Постојаниот совет на ОБСЕ, којашто се одржува он-лајн на 6 и 7 јули.

„Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите. Но вистинскиот противник не е таму. Вистинскиот противник е заеднички – корупцијата – и во овој поглед потребно е да работиме заедно и обединето“, истака Димиров.

Во присуство на министри и други високи претставници на земјите-учеснички на ОБСЕ, министерот ја реафирмираше определбата на Владата за борбата против корупција, како клучна за враќањето на довербата на јавноста во правната држава и демократијата. Притоа, истакнувајќи ги постигнувањата во изминатиот период, посебен акцент стави на воспоставување на порталот „Отворени финансии“ кој овозможува увид во преку 17 милијарди финансиски трансакции на буџетските корисници на централно и локално ниво, укажувајќи на одличен пример како дигиталната технологија може да придонесе кон зголемување на транспарентноста, интегритетот и доброто владеење.

Конференцијата, посветена на оваа многу значајна тема за сите земји учеснички во ОБСЕ, ја отворија актуелниот претседавач, Претседателот на Владата и МНР на Албанија Еди Рама, Генералниот секретар на ОБСЕ Томас Гремингер и министерката за правда на Република Албанија Етилда Ѓонај. Министерот Никола Димитров се обрати на панелот на високо ниво, на кој говореа и МНР на Извршниот директор на Канцеларијата на ОБСЕ за дроги и криминал (UNODC) г-ѓа Гхада Фати Валу, МНР на Обединетото кралство, како и други министри за надворешни и за правда.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Грција повторно им забрани влез на српските туристи, метеж на границата со Бугарија

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Свет2 часа

Австралија ќе ја изолира една од најнаселените држави поради коронавирусот

Австралија ќе ја изолира државата Викторија од останатиот дел од земјата и ќе воведе мерки без преседан како дел од...

Топ2 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Свет2 часа

Индија стана трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Индија стана трета најпогодена земја во светот од пандемијата на коронавирусот со речиси 700.000 случаи, покажуваат најновите податоци. Министерството за...

Култура2 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија2 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион17 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион18 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава19 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет20 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт21 час

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија21 час

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ22 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија24 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија1 ден

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ1 ден

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа1 ден

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Досие