Македонија
СДСМ: Барањето за апанажа на Трипуновски потврдува дека на ВМРО-ДПМНЕ им се важни само народните пари

Барањето на поранешниот дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипунивски за апанажа за неговиот ангажман во преодната Влада е доказ дека за кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски важни се само народните пари, а не интересите на земјоделците, на граѓаните, велат од СДСМ преку соопштение.
„Кривична пријава за злоупотреба на службена должност, организирање партиски протести на лажни земјоделци и неовластено снимање на вработени во подрачна единици на Министерството, се единствените резултати на Трипуновски во земјоделството. За ова, Трипуновски сега бара се уште да троши пари од граѓаните. Тоа е неодговорно, несериозно и незрело однесување на Трипуновски кој со ваквиот потег само потврди дека за него, единствен интерес се народните пари и кога не работи и кога работи на штета на земјоделците“, наведува СДСМ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).