Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Лефков се симбол за криминалот во државата
По денешната прес-конференција на Миле Лефков со реакција излезе СДСМ.
Од партијата наведуваат дека ниедна валкана кампања на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги разубеди граѓаните за тоа која партија и кои политичари се симбол на милионски грабеж, корупција и скандали.
Во најмала рака е забегано тоа што најбогатата партија во Европа, ВМРО-ДПМНЕ која од мала жолта куќа на криминален начин дојде до бела палата вредна 40 милиони евра лажно да обивнува некого за имот. Денешната нова лага и напад врз потпретседателот Стефан Богоев од страна на Лефков потврдува ја потврдува народната изрека: Крадецот вели држте го крадецот! Сакајќи да го пренасочат вниманието од сите судски пресуди и потврден криминал во своите редови, ВМРО-ДПМНЕ влегува во очајна негативна кампања без трошка достоинство или вистина во своите обвинувања.
Белиот дворец со грандиозни лустери, маси од махагони, позлатени рамки и црвени теписи стои да сведочи за корупцијата и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа истата партија чии високи функционери признаа вина за криминал, кои отвораа офшор фирми по Белизе, истата партија за која се водат бројни судски предмети за нелегално финансирање и корупција. Тоа се истите луѓе на истите позиции кои преку лажни кампањи се обидуваат да го оправдаат сиот криминал кој веќе е докажан и потврден преку признанија на членови од сопствените редови. Граѓаните нема да наседнат на овие манипулации.
Токму Христијан Мицкоски, како најлошиот директор на ЕСМ, како советник на Груевски за енергетика, е типичен пример како од голтар во политиката се станува бизнисмен со хидроцентрали. Ги повикуваме да престанат да ја замајуваат јавноста и конечно да раскрстат со криминалците во своите редови кои од ден во ден ги признаваат по судовите сите свои криминлани афери и случаи на корупција, се вели во реакцијата на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

