Македонија
СДСМ за тужбата за Николоски: Тој што шири лажни вести и клевети треба да се соочи со одговорноста
Кој шири лажни вести, клевети и невистини, треба да се соочи со одговорноста, велат од СДСМ откако денеска пред судот се најде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, против кого премиерот Зоран Заев покрена тужба за клевета.
Политичарите не се соочија во судницата, а на судењето присуствуваше адвокатот на Заев.
Николоски рече дека е тужен за изјава за случајот „Рекет“ дадена уште во 2019 година во која го обвини Заев дека е на врвот на пирамидата за рекетот. Николоски вели дека случајот против него е апсурден, а изјавата која Заев ја смета за спорна тогаш не била демантирана од страна на власта.
Од СДСМ, пак, велат дека Николоски и ВМРО-ДПМНЕ не се над законите и дека тој продолжува да шири лажни вести.
„Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, и покрај тоа што е осуден за клевета, не се откажува од ширење лажни вести и конструирање неспостоечки случаи, во очајни обиди да ја манипулира јавноста. Граѓаните не му веруваат на Николоски, по неговите бројни лаги, како кога јавно тврдеше дека ООН лошо ги оценила владините мерки за справување со кризата, за потоа да стигне реакција од ООН дека организацијата воопшто не ни дискутирала за мерките во Северна Македонија, а не, пак, да дала некаква оценка.
Николоски тврдеше дека државата нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, а преговорите започнуваат, тврдеше дека ќе се затвори Дрекслермаер, што беше демантирано од раководството, дека ‘Тутунскиот комбинат’ во Прилеп работи најлошо досега, а има добивка. Николовски во 2018 година најави дека ќе се повлече од политиката, а сè уште е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.
Рочиштето е одложено за 20 ноември, откако Николоски побара доказите да му бидат доставени во целост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

