Македонија
СДСМ: Иванов крие за што ги троши парите на граѓаните
Со одбивањето на алатката за транспарентно, отчетно и одговорно владеење Ѓорге Иванов им го ускратува правото на граѓаните редовно, точно, објективно и транспарентно да бидат информирани за трошоците од неговото работење, смета СДСМ.
Според владејачката партија, Иванов со тоа покажува непочитување кон граѓаните.
„Очигледно за Иванов граѓаните не се важни и со одбивањето на алатката за транспаретност крие за што ги троши нивните пари. Интересите на граѓаните и државата треба да бидат на прво место за секого. Владата предводена од СДСМ затоа и ја донесе оваа алатка за транспарентност и отчетност на трошоците кои ги прават владините функционери. Граѓаните имаат право на сите информации за трошењето на нивните пари, и тоа од страна на Владата ќе се спроведува и во иднина“, се вели во соопштението на СДСМ.
Заложбите за целосно и навремено информирање на граѓаните за трошењето на нивните пари, тврди владејачката партија, и понатаму ќе се спроведуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

