Македонија
СДСМ: Левицата и Апасиев се реална закана за европскиот пат, Мицкоски е нивен заложник
Реална закана и вистинска опасност за продолжување на европскиот пат на државата доаѓа од Левицата. Партијата предводена од Димитар Апасиев јасно е против стратешките цели на државата за евроинтеграција, против НАТО и членството во ЕУ, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека поради идеолошко обезличување на ВМРО-ДПМНЕ, непромислениот популизам и деструктивноста, Мицкоски, како политичар без став и визија станува заложник на Левицата и на Апасиев.
Политичкиот пироман Апасиев, со Мицкоски како негов заложник, сака да ја доведе државата до работ на амбис.
Државата, предводена од демократските сили на чело со СДСМ, ќе продолжи по патот на интеграциите сè до полноправно членство во ЕУ затоа што тоа е гаранцијата за стабилна и сигурна иднина, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

