Македонија
СДСМ: Мицкоски се плаши и бега од брзи избори во декември
Мицкоски се плаши и избега од брзи предвремени избори во декември, граѓаните ќе го казнат со нов изборен пораз, смета СДСМ.
Од владејачката партија преку соопштение велат дека ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои посветено работеле против интеграција во НАТО и ЕУ, против реформите и напредокот на државата.
„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што се радуваат и аплаудираат на историската грешка на ЕУ, затоа што сакаат државата да ја вратат назад во изолација и неизвесност. Без визија, без конкретна програма и цел, ВМРО-ДПМНЕ го очекува вистински дебакл на предвремените парламентарни избори. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се исплашија и побегнаа од брзи предвремени избори во декември. Коалицијата на Христијан Мицкоски го менува само името, а во суштина ништо не се менува. Тоа е коалиција за обнова на режимот, на криминалот и изолацијата“, додава СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

