Контакт

Македонија

СДСМ: Младите се за ЕУ, а не за изолација што ја нудат Мицкоски и ДПМНЕ

Објавено пред

„Младите се за ЕУ, изолацијата, која ја нудат Христијан Мицкоски и ДПМНЕ е неприфатлива. Таа води во нови бранови иселувања на младите, економско уназадување, неизвесност и бесперспективност“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Македонски млади немаат време за губење, немаат нови 11 години да ги потрошат.

Со членството во ЕУ младите добиваат огромен број можности за подобро образование, пристап до финансии и фондови, можности за добро платени работи места, подобар животен стандард и подобри услуги.

Младите нема да дозволат да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја во белиот дворец и желбата за власт по секоја цена, не им мислат ништо добро“, се додава во соопштението на СДСМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Апасиев го откажа учеството на лидерската средба: Треба да биде ден на жалост, а не лидерска за датум за избори

Објавено пред

Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на лидерска за датум за избори, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

dobivaj vesti na viber

Тој го откажа своето учество на планираната средба.

„Апелирам до  премиерот истата (средбата) да се помести за посоодветен тајминг, после расчистувањето – преку парламентарна надзорна расправа – на сите неразјаснети прашања поврзани со пропустите на МВР и ОЈО изминативе денови (за време на самитот на ОБСЕ)“, напиша Апасиев на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Taткото на Вања во полициска станица, досега не е побаран притвор

Објавено пред

Таткото на 14-годишната, Вања Ѓорчевска, по која се трагаше цела недела, а чиешто тело беше најдено денеска, се’ уште е во полициска станица во рамки на истрагата, информираат од Обвинителството.

dobivaj vesti na viber

Од ОЈО велат дека досега не е побаран притвор за него.

Претходно Обвинителството и МВР објавија дека девојчето било убиено неполни три часа по исчезнувањето во понеделникот, а осомничени се пет лица, од кои за три се бара притвор, едно е во странство и уште едно во станица.  Тие се осомничени и за убиство на 74-годишен велешанец, Панче Жежовски, по кој се трагаше од 24 ноември, а чиешто тело било пронајдено во Велес, додека неговиот опожарен автомобил беше најден пред неколку дена во Скопско.

Мотив за убиствата, според  Обвинителството е користољубие, а неофицијалните информации сугерираат дека тоа подразбира изнуда на пари, и во двата случаи. Деталите ќе бидат образложени утре, на прес конференција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во „Песталоци“ ќе биде отворена книга на жалост, психолози ќе комуницираат со соучениците на Вања

Објавено пред

Утре од 9 часот, на службениот влез на училиштето Јохан Хајнрих – Песталоци ќе биде отворена книга на жалост.

dobivaj vesti na viber

Општина Центар ги повика блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит да дојдат да се потпишат.

Во моментот, менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози се подготвува за утрешниот ден со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан.

Градоначалникот Герасимовски и сите вработени во Општина Центар изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Вања.

„Извршителите на овој грозоморен чин мора да одговараат во најкус рок, ги повикуваме институциите да го расветлат целосно случајот. Апелираме и до граѓаните да останат обединетив во овие тешки моменти и да не подгреваат шпекулации. Нека и е светол патот на Вања, ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори“, објави општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Taткото на Вања во полициска станица, досега не е побаран притвор

Таткото на 14-годишната, Вања Ѓорчевска, по која се трагаше цела недела, а чиешто тело беше најдено денеска, се’ уште е...

Македонија6 часа

Истите лица што ја убиле Вања се осомничени и за убиството на велешкиот фризер Панче по кој се трагаше, автомобилот му беше пронајден опожарен во средата

Истите лица кои стојат зад убиството на 14-годишната Вања по која со денови трагаше целата држава, се осомничени и за...

Македонија7 часа

Вања е пронајдена мртва – била убиена дента кога исчезнала

Во околината на Скопје пронајдено е безживотното тело на малолетната Вања Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27 ноември,...

Економија15 часа

(Видео) Кузеска: Пензионерите добиваат до 15.000 денари во наредните пет месеци

Со новиот пакет антикризни мерки пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари...

Свет16 часа

Нов силен земјотрес на Филипините, повторно издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, а веднаш беше издадено предупредување за цунами....

Топ17 часа

Скопјанец запали автомобил во Центар, огнот се прошири и на друго возило

Полицијата доцна синоќа околу 3.30 часот, во Центар, го приведе А.Г.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно на подрачје...

Македонија18 часа

Николоски: Омилената фирма на власта, Марковски, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола

Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта, Марковски компани, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само...

Свет19 часа

Мистерија нерешена 14 години: го избришал своето минато, а потоа бил пронајден мртов

Во јуни 2009 година, човек по име Питер Бергман беше пронајден мртов на плажа во Ирска.Слаб маж облечен во црно...

Европа19 часа

(Видео) Напаѓач уби турист кај Ајфеловата кула и нападна уште двајца, извикал „Алах акбар“

Маж е убиен, а двајца повредени во напад со нож и чекан на улица во центарот на Париз. Францускиот министер...

Свет20 часа

Четири лица загинаа, 42 се повредени во експлозија на католичка миса на Филипините

Четири лица загинаа утрово во експлозија на католичка миса на југот на Филипините. Инцидентот се случил во гимназијата на државниот...

Македонија1 ден

Голема загаденот во Струмица, стапија во сила мерките и препораките

Високо е загадувањето на воздухот во Струмица, каде два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од...

Свет1 ден

Прекинати преговорите меѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците

Преговорите меѓу Израел и Хамас за заложниците држени во Газа прекинаа денеска откако Израел продолжи да инсистира на ослободување на...

Топ1 ден

Деца силувале дете во Скопје, таткото на момчето пријавил во полиција

Maж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син. Според информациите во полицијата, таткото рекол...

Македонија2 дена

Приведени пет лица за случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, полицијата обезбеди и едно возило

Пет лица се приведени доцна синоќа во врска со случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, и обезбедено е едно возило,...

Македонија2 дена

Ковачевски вели дека не постои расположение сега да се укине техничката влада, туку од следните избори

Не постои консензуално расположение сега на краток период пред одржување на изборите да се укине техничката влада. Ова го истакна...

Македонија2 дена

(Видео) Автомобил удри во мечка кај Тетово – полесно повредени децата во возилото

Доцна синоќа на локалниот пат Тетово – Ноштено , автомобил удрил во млада мечка која го минувала патот заедно со...

Регион2 дена

Случаен избор или порака – сите очи вперени во вратоврската на кралот Чарлс со грчкото знаме

Изборот на вратоврската од страна на британскиот крал Чарлс на конференцијата COP28 во Дубаи поттикна шпекулации дека тоа е шифрирана...

Регион2 дена

Не сакав да седам на маса со земји кои не’ прогласија за непријатели, рече бугарската министерка која го напушти Скопје пред да стигне Лавров

Не можам да седам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски манифестации, изјави бугарската вицепремиерка и министерка...

Македонија2 дена

Шести ден ни трага ни глас од исчезнатата Вања, се пребаруваат и подруми и речни корита

Шести ден се трага по исчезнатата Вања Ѓорчевска, на која и’ се изгуби трагата на пат кон училиштето „Песталоци“. Во...

Свет2 дена

Војната во Газа повторно се разгорe: Израел нападна 400 цели, Хамас тврди дека се убиени 240 луѓе

Израелската војска соопшти дека погодила повеќе од 400 цели во Појасот Газа по истекот на прекинот на огнот, при што...