Македонија
СДСМ: Не Мицкоски, обидот за убиство не е патриотизам туку насилство
Не Мицкоски, обид за убиство, државен удар, не е патриотизам туку насилство и за тоа се носи одговорност, реагира СДСМ по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој вчера од Неготино порача дека затворските казни нема да донесат правда, туку уште поголема поделеност.
„Било какви обиди да се оправда насилството на 27 април е недозволиво. Граѓаните гледаат каква омраза излегува од устата на Мицкоски. Однесувањето на Мицкоски е идентично како неговиот ментор и шеф, Никола Груевски“, смета СДСМ.
Владејачката партија додава дека изјавите на Мицкоски немаат никаква врска со правото, судовите се независни и тие носат одлуки дали некој е виновен или не.
„27ми април е најтрагичниот ден од независноста до денеска. За нарачателите и извршителите на тоа насолство одговорност мора да има. Република Северна Македонија е правна држава а Мицкоски брани насилници и ништо повеќе“, додава СДСМ во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

