Македонија
СДСМ: Обвинителството слободно да го истражи непостоечкиот случај со болницата во Штип
Како претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ дозволила да се почне со изградба на болницата во Штип без систем за електрика, прашува СДСМ, по обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, дека наместо казна за изведувачот на штипската болница, Филипче и Заев му дале уште 7 милиони евра.
„Партијата ВМРО-ДПМНЕ – синонимот за најголемиот криминал да престане да манипулира со граѓаните и повикуваме Обвинителството слободно да го истражи непостоечкиот случај со Клиничката болница во Штип. Со стапувањето на функција на министерот за здравство Венко Филипче затекнат е нецелосен проект на којшто недостасува една цела фаза на електрика во машинството за изградба на болницата во Штип“, велат од СДСМ.
За да стане појасно, додаваат од таму, предвидените дополнителни 7 милиони евра за штипската болница се неопходни заради имплементација на фаза на електрика во проектот за машинство
„Оттаму, бараме одговор на следново: како претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ започнала изградба на болницата на нецелосен проект каде недостига системот за електрика? Кој дозволил да се отпочне со изградба без систем за електрика и како може болница да функционира без електрика? Како може пациентите да ја добијат здравствената заштита во болница без електрика“, се наведува во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

