Македонија
СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го кочат зголемувањето на пензиите
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Владимир Ѓорчев го кочат носењето на законските измени за зголемување на пензиите за 700 денари месечно на над 320.000 пензионери, велат од СДСМ преку соопштение.
„Беа и против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителн број стечајци. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кочат и блокираат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните.
ВМРО кочничарска ДПМНЕ ги блокира и демократските процеси. Поднесоа илјадници амандмани, само за да спречат една изборна единица затоа што знаат дека граѓаните не го сакаат Мицкоски, кој се плаши од гласот на граѓаните.
Не го поддржуваат ниту законот за одбрана, една од нашите обврски во однос на НАТО-членството, и се стваат против членството во НАТО.
Им пречело уставното име на земјата, истото име што не им пречи кога шетаат на службени патувања, кога земаат плати, дневници и кога одат на меѓународни НАТО-настани потпишани со името Северна Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ нема програма на 3 месеци пред избори, а наместо реална програма, Мицкоски ветува мерки што веќе се спроведуваат и даваат резултати.
ВМРО-ДПМНЕ значи нестабилност, ризик и враќање на режимот. Затоа, граѓаните ќе ги казнат нејзините деструктивни политики и ќе потврдат дека треба да продолжиме на прав пат“, нагласува СДСМ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

