Македонија
СДСМ: Продолжуваат сериозни разговори за формирање одговорна влада
„СДСМ, како предводник на коалицијата „Можеме“, со освоени најмногу пратенички места во Собранието, го доби мандатот за состав на нова демократска, политичка, одговорна влада, со институции што уште повеќе и уште подобро ќе им служат на граѓаните. Процесот на сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство, кое треба да осигури нова влада со полн четиригодишен мандат продолжува“, соопшти партијата.
Според нив, пред македонското Собрание ќе биде испорачан предлог за влада составена од квалитетни, одговорни и отчетни кадри, решена и која силно ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе биде посветено на прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари кај секој функционер.
„Програмата на владата во најголема мера ќе биде посветена на новата македонска економија, каде што главните принципи се платите и пензиите да продолжат да растат, да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој, да водиме посебна и уште поголема грижа за најсиромашните граѓани и да му даваме постојана поддршка на домашно стопанство.
Северна Македонија ќе добие влада што го следи јасниот правец за кој е определено големото мнозинство граѓани – тоа е европскот пат, патот на економијата и правдата, патот до просперитет и долгорочна стабилност, влада што не знае за скршнување од патот, кој, по членството во НАТО, води до членство во Европската Унија. Во изминатиот период успеавме да донесеме големи одлуки, да ги решиме отворените прашања. Следува период кога ќе се посветиме на работа дома бидејќи можеме уште повеќе и уште подобро“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Какво ќе биде времето за дочекот на Новата година и 1 јануари
Времето утре ќе биде сончево и студено, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје се очекува претежно сончево и студено време, со умерен северен ветер.

Прогноза за 1 јануари
Минималните температури ќе се движат од -12 до -2 степени, додека максималните ќе бидат од -1 до 7 степени Целзиусови. Времето ќе биде претежно сончево и студено, со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Македонија
„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за празниците, се поставува прашањето дали на Бихаќка Нова година си честитаат по дубајско време како нивниот лидер и неговиот намесник Филипче?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„А дали и овој пат на забавата главна ѕвезда ќе биде Харис Џиновиќ или некоја друга балканска турбофолк „ѕвезда“ и кој од раководството одбрано од Заев, тоа ќе се види на снимките како што и претходно видовме како Филипче радосно го снима неговиот лидер додека се забавува.
Веројатно дека покрај Новата година, во Дубаи на забавата веројатно ќе се прославува и нивната инвестиција 42-катница, нешто што повеќе пати е потврдено како од намесникот Филипче и СДС, така и од сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски.
Воедно остана неодговорено како Филипче од докторска плата „собра“ пола милијарда евра затоа што толку се потребни за добивање златна виза во Дубаи преку инвестиција или бизнис, бидејќи досега не видовме доказ дека златната виза ја добил на поинаков начин, иако викаше дека ќе покаже. Македонската јавност чека одговори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот Закон за Судскиот совет, предупредувајќи дека реформите „на брза лента“ не можат да ја вратат довербата во правосудството.
Според Зајкова, предложениот закон не носи вистински напредок во процесот на избор на членовите на Судскиот совет, бидејќи конечната одлука повторно ја има Комисијата за избор и именување во Собранието.
„Нема ранг-листа, туку само листа на кандидати. Тоа значи дека Комисијата може слободно да одлучи кој кандидат ќе биде избран, без јасни критериуми и редослед. Така и 15-тиот на листата може да стане прв“, предупреди Зајкова.
Таа потсети дека, според препораките на оценската мисија, неопходно е формирање посебен жалбен совет кој ќе одлучува по приговорите во процесот на избор – нешто што со овој закон повторно се игнорира
Иако Министерството за правда тврди дека со законот се заоструваат критериумите за избор на членови, Зајкова посочи дека суштинскиот проблем останува – политичкото влијание врз судството.
„Клучниот проблем е политичкото мешање и диктирањето на пресуди, нешто на што сите сме сведоци. А кога веќе зборуваме за дигитализација, да не заборавиме на АКМИС системот и сите обвиненија поврзани со неговата злоупотреба“, истакна таа од собраниската говорница.
„Добро е што зборуваме и за реформска агенда, но жално е што изгубивме време и средства за на крај повторно да носиме закон без доволна дебата. Очекувам во иднина да имаме подобар Кривичен законик, потранспарентни постапки и ако ништо друго, повеќе време за суштинска анализа на системските закони кои влегуваат во Собрание и подобрување на законските решенија“, заклучи Зајкова.

