Македонија
СДСМ: Трипуновски лаже, случајот е пријавен во февруари
ВМРО-ДПМНЕ доцни седум месеци, случајот за кој денеска лаже е пријавен од тогашниот министер Љупчко Николовски уште во февруари оваа година, реагираат од СДСМ, на обвинувањата од Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, дека близок човек на Заев проневерил 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводителите.
„Денес ВМРО-ДПМНЕ алармира за незаконско постапување неколку месеци откако е отворена истрага за случајот. Лаже ВМРО-ДПМНЕ дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не реагирало на известувањето од Сојузот на здруженија на тутунопроизводители. Вистината е дека на 18.02.2019 година, или пред точно седум месеци, тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, известувањето од Сојузот го препратил до надлежна институција, односно до Управата за финансиска полиција“, велат од СДСМ.
Од таму додават дека како одговорна партија, алармираат и пријавуваат незаконско работење, без разлика кој е извршителот на незаконските дејствија и дека СДСМ е за бескомпромисна борба против криминалот.
„СДСМ не ниту суд, ниту обвинителство има надлежни институции за истраги кои водат предмети. Заврши времето кога белиот дворец беше и полиција и суд и обвинителство. Денес, правосудните институции работат професионално и независно во интерес на правдата. Секој одговара. Оттука, апелираме до надлежните институции, за брзо расчистување на овој случај и соодветно санкционирање на виновниците“, се вели во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

