Македонија
СДСМ ја повлече кандидатурата на Јовески за уставен судија, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека си ја завршил работата, па веќе не им е потребен
Денес, СДСМ ја повлече кандидатурата на Љубомир Јовески за уставен судија, објави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, опишувајќи го како главниот политички егзекутор, слепиот послушник и заштитникот на криминалот на власта во изминатите 6 години.
Тој си ја заврши работата, а штета за тоа претрпе најмногу македонското судство, па сега СДСМ, глумејќи одговорна партија, се откажа од Јовески, вели Стојаноска.
„Љубомир Јовески повеќе не е им е потребен бидејќи здачата за која беше поставен си ја исполни, а со тоа криминалите на СДСМ и ДУИ 6 години беа заштитени. Неговиот мандат беше проследен со многу скандали, безброј неповедени обвиненија, скриени предмети, смешни и бизарни пресуди, ослободување криминалци и уште многу партиски нарачани одлуки и пресуди. СДСМ веќе нема никаква корист од Љубомир Јовески и исто како и со Катица Јанева и Вилма Русковска се одрекуваа од овој човек за повторно да си ги заштитат партиските интереси“, рече Стојаноска.
Како што додаде, доаѓа време на ревизии, на преиспитување многу одлуки и решенија. Одговорност ќе има, вели Стојаноска, и за оние што правеле криминали, но и за оние што требало да ги спречат, а ги штителе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Претпладне услови за магла, преку денот сончево со умерена локална облачност
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Несреќа на магистралниот пат кај село Дабиле, Струмица: сообраќајот во прекин
Од 02:15 часот сообраќајот на магистрален пат А4 кај село Дабиле Струмица е во прекин поради случена сообраќајна незгода, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

