Македонија
„СДС е на сигурен пат да го снема исто како што го снема и Артан Груби“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДС е на сигурен пат да ја снема. Со нивното молчење, СДС е на пат да исчезне и да ја снема, исто како што исчезна и го снема Артан Груби. Како изминуваат деновите, а не се извинува за тоа што го остави Груби да краде и прави криминални дела, СДС губи се повеќе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Единствени виновници и одговорни за криминалите на Артан Груби се СДС кои, иако Оливер Спасовски го имаа министер за внатрешни работи за време на целиот период на владеење, ниту го спречија, ниту против него поведоа постапка.
СДС го имаа под нивна контрола и судството и обвинителство, но иако Артан Груби се најде на црната листа на САД за примање мито за влијание, преку одредени судии, врз судски одлуки, но таквите информации не допреле до нив. Па така, се до последните денови на нивната власт немаше никаков предмет или истрага против Груби.
Судско обвинителската власт, како и МВР кои треба да постават ред и поредок како и правна држава, меѓу другото, молчеа за еден од случаите кои сега веќе два месеци ја тресе македонската јавност, а тоа е Артан Груби.
Веќе на сите им е јасно, дека СДС свесно му дозволи на Артан Груби да краде и дека тоа го направиле за да останат подолго време на власт.
Да не беа СДС и нивната желба за останување ден повеќе на власт, криминалот Груби и неговото пљачкање на државата, немаше да биде возможен.
А, со тоа што не се извинуваат, СДС само потврдуваат дека без нив Артан Груби немаше да и се случи на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

