Македонија
„СДС и ДУИ обединети со нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители ја штитат мазут-мафијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС и ДУИ обединети со нивните послушници во правосудството, ги штитат криминалците и мазут мафијата којашто го труела народот за време на енергетска криза. Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица ги штитат криминалците од СДС и ДУИ и мазут мафијата која сторила криминал тежок 167 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите измеќари на СДС и ДУИ го штитат криминалот на нивните функционери и ги кочат и опструираат процесите и правдата.
Мазут мафијата, во која се вмешани високи функционери од СДС и ДУИ, преку организиран криминал и системска корупција, екстра профитирала и го труела народот со канцероген мазут.
Криминалците од СДС и ДУИ и нивните бизнис фаворити како Јахоски поради лукративни причини, провизии и бизнис зделки го труеле народот со канцероген мазут, поради екстра профит и направиле криминал тежок 167 милиони евра.
Корумпираните судиите и обвинителите работат по насока на СДС и ДУИ и ги штитат нивните блиски бизнис партнери, за да делат проценти и провизии меѓусебно.
Корумпираните судии и обвинители ги штитат функционерите од СДС и ДУИ и нивните милионски бизниси и имот стекнати на криминален начин и не дозволуваат институтот правда да завладее.
Време е да се стави крај на системската корупција и организираниот криминал и секој функционер којшто сторил криминал да одговара.
Спрегата помеѓу правосудството, СДС, и ДУИ мора да заврши, корумпираните судии да одговараат, а владеењето на правото и правдата да профункционираат. Времето на криминалци во политиката заврши“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

