Македонија
Седуммина починати и 347 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и Крушево по 6, Битола, Гостивар и Делчево по 5, Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница по 3, Ресен, Валандово, и Кратово по 2, Струмица, Кочани и Македонска Каменица по еден.
Регистрирани се 168 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 110, Куманово и Прилеп по 7, Кавадарци – 6, Тетово и Крива Паланка по 5, Гостивар, Велес и Неготино по 4, Битола и Гевгелија по 3, Штип и Радовиш по 2, Охрид, Струмица, Свети Николе, Кратово, Демир Капија и Дојран по еден.
Пријавени се вкупно 7 починати лица – четворица од Скопје (80, 79, 69 и 61 година) и по еден пациент од Куманово (80), Велес (66) и Прилеп (61). Шестмина пациенти се починати во болнички услови, а еден е починат во домашни услови.
Направените 2.383 теста се во: ИЈЗ – 479, ЦЈЗ Скопје – 51, „Авицена“ – 260, „Биотек“ – 253, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 111, „Систина“ – 190, лабораторија „Лаор“- 147, МАНУ – 52, Судска медицина – 5, ЦЈЗ Битола – 90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, „Синлаб“ – 57, „Ремедика“ – 22, лабораторија во болницата во Козле – 26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 630, ГОБ „8 Септември“ – 8.
Досега во земјата се направени вкупно 492.374 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројката на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот статистиката по градови е следна:
Скопје 42.746, активни 2.810
Куманово 5.400, активни 243
Тетово 5.295, активни 220
Прилеп 4.918, активни 359
Гостивар 3.710, активни 114
Штип 3.584, активни 90
Битола 3.331, активни 126
Велес 3.306, активни 236
Охрид 3.067, активни 385
Кавадарци 3.000, активни 435
Струмица 2.631, активни 146
Струга 2.327, активни 165
Кочани 1.774, активни 49
Кичево 1.751, активни 66
Свети Николе 1.100, активни 24
Гевгелија 1.088, активни 103
Неготино 1.061, активни 97
Дебар 781, активни 38
Ресен 781, активни 64
Крива Паланка 769, активни 41
Радовиш 741, активни 43
Делчево 707, активни 220
Берово 624, активни 30
Пробиштип 523, активни 19
Виница 507, активни 25
Валандово 343, активни 16
Демир Хисар 256, активни 11
Кратово 254, активни 26
Македонски Брод 251, активни 10
Крушево 246, активни 50
Богданци 233, активни 10
Демир Капија 227, активни 33
Македонска Каменица 193, активни 5
Пехчево 183, активни 3
Дојран 95, активни 12
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

