Македонија
Седуммина починати и 606 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.257 тестирања, а регистрирани се 606 нови случаи на Ковид-19, од кои во: Скопје – 238, Битола – 63, Кочани – 30, Кавадарци – 29, Куманово и Прилеп по 28, Штип -22, Велес – 20, Гевгелија – 19, Тетово – 15, Неготино – 12, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Свети Николе, Берово, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по 7, Гостивар, Радовиш и Кратово по 6, Виница – 5, Струмица – 4, Струга – 3, Ресен и Македонска Каменица по 2, Валандово и по еден заразен во Богданци и Македонски Брод.
Во текот на изминатото деноноќие пријавени се и 7 починати лица: 5 од Скопје (69, 71, 79, 81 и 82 години) и 2 лица од Велес (68 и 69 години). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, се пријавени три починати лица во периодот од 20 август до 4 ноември 2021. Регистрирани се починати лица од Скопје, Куманово и од Гостивар на возраст од 72 до 83 години, од кои сите се починати во домашни услови.
Во изминатите 24 часа пријавени се 320 оздравени пациенти од: Скопје – 157, Куманово – 31, Крива Паланка – 19, Штип – 13, Прилеп и Тетово по 12, Кочани и Струмица по 11, Битола – 9, Пробиштип – 7, Берово – 6, Делчево – 5, Гевгелија, Демир Хисар, Ресен и Валандово по 3, Велес, Кичево, Радовиш и Македонска Каменица по 2 и по еден оздравен од Кавадарци, Свети Николе, Гостивар, Кратово, Виница, Богданци и Пехчево.
Направените 3.029 теста се преку: ИЈЗ – 267, ЦЈЗ Скопје – 51, ЦЈЗ Битола – 91, ЦЈЗ Прилеп – 50, ЦЈЗ Тетово – 68, ЦЈЗ Куманово – 55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 1, лабораторија во болницата во Козле -19, Институт за микробиологија – 162, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 64, „Авицена“ – 183, „Биотек“ – 140, „Систина“ – 77, лабораторија „Лаор“ – 88, „Синлаб“ – 12, „Ремедика“ – 15, „Плодност“ – 49, „Генеа“ – 5, „Никоб лаб“ – 299, „ВФВ медикал“ – 27, „Ели медика“ – 51, „Ројал медика“ – 7, „Спектра-ММ“ – 10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.465.
Досега во земјата се направени вкупно 1.400.249 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 205.022, бројот на оздравени пациенти е 190.266, на починати е 7.204, а бројот на активни случаи изнесува 7.552.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 89.723, Активни 3.583
Куманово 12.434, Активни 420
Тетово 11.096, Активни 173
Прилеп 9.622, Активни 352
Гостивар 8.017, Активни 32
Битола 7.665, Активни 412
Велес 6.915, Активни 351
Кавадарци 6.429, Активни 309
Штип 6.270, Активни 245
Охрид 6.202, Активни 201
Струмица 5.936, Активни 101
Кичево 4.147, Активни 105
Струга 3.849, Активни 45
Кочани 3.674, Активни 217
Гевгелија 2.604, Активни 108
Неготино 2.433, Активни 81
Свети Николе 2.043, Активни 86
Крива Паланка 1.709, Активни 154
Радовиш 1.622, Активни 60
Ресен 1.602, Активни 53
Дебар 1.453, Активни 3
Берово 1.280, Активни 54
Делчево 1.201, Активни 69
Виница 1.099, Активни 37
Пробиштип 1.056, Активни 74
Валандово 868, Активни 26
Кратово 675, Активни 47
Богданци 593, Активни 18
Крушево 559, Активни 23
Демир Хисар 512, Активни 53
Македонски Брод 480, Активни 5
Демир Капија 410, Активен 1
Македонска Каменица 369, Активни 43
Пехчево 324, Активни 4
Дојран 151, Активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

