Македонија
Се изврте цистерна на автопатот Градско-Велес, сообраќајот се одвива по стариот пат
Сообраќајот на автопатот Градско-Велес кај „Дади Петрол“ е во прекин поради случена сообраќајна незгода во која се извртела цистерна, известија од ЦУК.
„Од АМСМ известуваат дека од 16:00 часот на автопатот Градско-Велес кај „Дади Петрол“, поради случена сообраќајна незгода во која се извртела цистерна, сообраќајот ќе се одвива по стариот пат“, соопшти Центарот за управување со кризи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Личните асистенти се веќе во училиштата, продолжуваме со инклузивниот пристап
Општина Центар обезбеди лични асистенти за 23 ученици со посебни образовни потреби, со што во целост им одговори на барањата на основните општински училишта за овој вид инклузивна поддршка. Од општинските служби најавуваат дека по адаптацијата на првачињата, можно е да се јави потреба од зголемување на бројката на лични асистенти за што локалната самоуправа има обезбедено средства во буџетот. Потенцираат дека повеќето ангажирани асистенти имаат долгогодишно искуство во оваа проблематика, а меѓу нив има лиценцирани и стручни лица.
„Запознаен сум со профилот на личните асистенти со кои ги потпишавме договорите за работно ангажирање во проектот ‘Образование за сите’. Можам да кажам дека и годинава имаме квалитетен кадар. Асистентите се од голема помош за севкупниот наставен процес. Со нивна поддршка на учениците им се обезбедува полесен пристап и движење во училишните простории, совладување на образовните содржини и адаптација и прифаќање во средината“, посочува градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
Личните асистенти се ангажирани со скратено време од 20 работни часа неделно, во период од 9 месеци.
За ангажманот добиваат паричен надоместок во висина од 15.000,00 денари (нето-износ), со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест.
Општина Центар е една од ретките општини во државата, која години доследно и со свои сопствени сили го финансира проектот „Образование за сите“.
Македонија
Мицкоски: Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање во врска со реконструкцијата на државниот студентскиот дом „Стив Наумов“, изјави:
„Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, но не само во Скопје туку и во другите градови, каде што имаме универзитетски кампуси и центри. 18 милиони евра ќе бидат вложени за двата студентски дома во Скопје, тоа се ‘Кузман Јосифовски-Питу’ и ‘Стив Наумов’“.
Премиерот информира дека ќе следува реконструкција и на другите студентски домови во државата како еден од главните приоритети на Владата. Реконструкцијата на државните студентски домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ е во тек, се очекува таа да биде завршена во следниот период.
„Тие два студентски дома ќе бидат реконструирани и таму е почната реконструкцијата. Во периодот што следува очекуваме таа да биде завршена. Мислам дека во моментот се изведуваат електричните инсталации, но тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата, така што тоа е и едно од оние ветувања што го ветивме за студентите и за младите“, истакна премиерот Мицкоски.
Македонија
Мицкоски: Многу бргу од денеска почнува изградбата на спортската сала во Воената академија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека многу бргу од денес почнува изградбата на спортската сала во Воената академија.
„Преку Министерството за спорт, во склоп на Воената академија, ќе почне реализацијата и на таа спортска сала, и тоа многу бргу. Тоа е еден од оние проекти што се дел од капиталните инвестиции, ние мораме да имаме повеќе капитални инвестиции, со што ќе ја зголемиме економската активност на компаниите кај нас, а со тие капитални инвестиции ќе го зголемуваме домашниот бруто-производ, така што и тоа е едно од оние ветувања што ќе почне со реализација бидејќи го помина владиниот филтер во текот на вчерашната владина седница“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.