Македонија
Силјановска Давкова: Во Комисијата за европски прашања се убија правото и правдата и се обезбеди заштитата на криминалот
„Во комисијата за антиевропски прашања бев сведок на убиство на правото и правдата. Може ли да замислите да се смени кривичен законик за неколку часа? Јас не можев да го замислев до ден денеска. Што се случи? Чинам дека како да одиме во чекор со криминалот и корупцијата или ако сакате денеска измените на законот беа токму можеби и побрзи од корупцијата и криминалот поточно обезбедија нејзина заштита. Држава која важи за држава со најспора правда речи недостижна има најбрза постапка згора именувана како експертска“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на денешната собраниска седница.
Таа додаде дека во законот се кажува дека се работи на нов кривичен законик, врз основа на нов концепт за да се фокусира и инкорпорира со меѓународните и ЕУ стандарди.
„Во законот уште пишува дека процесот е обемен и сложен и постапката ќе трае долго. Долго трае која постапка, само редовната постапка. Меѓутоа денеска ниту имаше редовна постапка, ниту имаше судии, професори, адвокати, отсуствуваше јавноста, зошто? бидејќи еве што си напишале во законот. Се вели дека во меѓувреме значи додека комисијата вредно работи на кривичниот законик во меѓувреме се појавиле одредени ургентни прашања за кои е целисходно да бидат регулирани за пократок период. Целисходност причина, а не владеење на право, заштита на право, правда и етика“, кажа Силјановска Давкова.
Таа не верува дека некој ќе смее да гласа за еден ваков закон, бидејќи ова е крај на правото и правдата, ова е нешто што не го сонувала а денеска се случува.
„Се срамам што предавам право, не сум сонувала дека може за три саати да се донесе закон. Им се извинувам на граѓаните ако нешто повторувам од комисијата, ама пред еден час заврши, побрзи од ветар сте во одбраната на корупцијата и криминалот“, потенцираше Силјановска Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

