Македонија
Силјановска-Давкова: Пендаровски е еднакво одговорен за скандалите и криминалите на ДУИ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/FotoJet-99.jpg)
„Претседателот воопшто не е невин. Барем дваесетина пати требаше да посегне по ветото кога се носеа лошите закони. Тој, скромно, двапати тоа го стори, а вториот пат не по сопствена волја туку по приговор на Европската Унија. Е, па, ако не стави вето на оној скандалозен закон, измени на кривичниот законик, што всушност значеше колективна амнестија тогаш тој е директно одговорен за кршење на Уставот и законите. Ако не се обрати, освен петпати пред Собранието, само пред Нова година, тогаш тој пропушти да ги адресира прашањата за кои е надлежен. Ако ја предложи во судскиот совет без сомневање најлошата партиска правничка тогаш тој не води сметка за независното судство. Ако молчеше додека ДУИ цело време правеше скандали и криминали, тогаш тој е еднакво одговорен како и ДУИ и оние околу нив.
Ама ниту тој ниту водачот на ДУИ не се во право кога нè обвинуваат дека сме негувале и сме манифестирале антиалбанско расположение. Не! Далеку од умот … Далеку од вистината. Не, ние сме против ДУИ, односно против оние од ДУИ кои посегнаа по целосна корупција и криминал. Но, граѓаните од албанскиот народ се добредојдени и за соработка и за соживот“, – порача кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова од митингот во Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.