Македонија
(Видео) „Скајп“, МСН и имејл-комуникациите на обвинетите меѓу доказите за „Монструм“
Како што изјави Катерина Јовановска, началник на одделението за дигитална форензика во МВР, по наредба од судот на 1 мај 2012 година примената е посебна истражна мерка увид и пребарување во компјутерските системи на повеќе од 20 лица, меѓу кои и обвинетите во случајот – Хаки Азири, Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами и Фејзи Азири.
Со оваа мерка вештаците од МВР требало да ја утврдат интернет-комуникацијата на овие лица поврзана со петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.
На денешното рочиште за „Монструм“ вештаците не кажаа со кого и во кој период разговарале обвинетите појаснувајќи дека тие не се надлежни за детаљна анализа на содржината на пораките. Судијата Огнен Ставрев истакна дека судот ги поседува комуникациите и дека, најверојатно, ќе бидат презентирани во некои од наредните рочишта.
„Содржините не се во надлежност на овие вешти лица, туку на друга дополнителна обработка, која ќе биде презентирана и искористена во судот. Постојат цедиња за тоа, посебна програма и упатство за гледање и проверување, што значи дека она што најмногу нè интересира сите нас дополнително sе содржината, времето и комуникацијата која била помеѓу конкретни лица#, изјави адвокатката на оштетените Дафинка Ивановска.
Наредното рочиште е закажано за 10 декември кога свој исказ ќе дадат вештаците од судската медицина заедно со вештаците за балистика од МВР кога ќе бидат образложени повредите што им биле нанесени на петтемина убиени кај Смилковското Езеро.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

