Македонија
„Славјанка Петровска откако изгуби за претседател на СДС, изгуби и контрола над себе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Славјанка Петровска откако изгуби за претседател на СДС, изгуби и контрола над себе. Бараме вештачење на деловната способност на Славјанка или во спротивно ќе треба да сноси одговорност за клеветите. Обвинувањето за убиства е сериозно обвинение и не може да се толкува дека тоа може да го тврди здрава личност, освен ако не изнесе докази за тоа“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук статусот на Славјанка Петровска.
„Ако лицето кое го посочува е познат лик од скопското подземје и министерката Славјанка го знаела тоа зошто не го уапсиле додека биле на власт?
Дека натписот на Славјанка е гнасен и одраз на една внатрешна состојба на злоба и лична фрустрација. На Славјанка не и пречеа ни Грчеци, ни фантоми, ни Бела ноца, ни Барон цели 7 години збор не гукна, се јави сега после подолг одмор на луксузна дестинација.
Што мислат граѓаните за нејзе и нејзината работа кажаа на изборите кои беа пред неполни 3 месеци.
Оваа влада е неполни 2 месеци на власт. Институциите и улиците се полни со бандити кои изминативе 7 години ја преземаа државата со помош на корумпираните водства на ДУИ и СДС чиј значаен дел беше Славјанка која ќе повториме се додека седеше во фотелјата не гледаше ништо што се случува. Но, затоа и ја добија казната. Народот гледа што се случува и е свесен каква држава ВМРО-ДПМНЕ наследи и дека е потребно време да се фатат конците.
Криминалот на претходната власт и нејзините инсталации е метастазиран. Но, да знае и Славјанка и сите оние имаат дилеми, Македонија ќе успее. И Македонија ке победи!
Морбидноста на СДС оди дотаму што се подготвени и врз вакви случаи да прават дневна политика. Срамно морбидно и мизерно.
Дополнително, после ова реакција очекуваме дека Славјанка Петровска ќе излезе со сожалување за себе си, како немоќна и кутра женичка против која е целиот свет, но всушност таа во тоа име се расфла со клевети и покажува внатрешни фрустрации“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ е причина за 2% доверба во судството

СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Клиентелизмот на Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ.
Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДС и ДУИ.
СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДС, ДУИ и Коцевски.
Очигледно е дека СДС и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висоока корупција како и сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и Ахмети.
Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДС и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата, јавниот обвинител Коцевски.
Се додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДС и ДУИ нема да има.
Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка.
На Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, правосудство растеретено од политички влијанија каде судиите и обвинителите ќе носат одлука врз основа на законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси на СДС и ДУИ.
Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а максималните од 26 до 36 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната дневна ќе достигне 36 степени.
Македонија
Бендевска: Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, одбележа 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
„На хероите на двата Илиндена кои се жртвуваа за денес да можеме да бидеме свои на своето, да им ветиме уште еднаш дека денешните генерации нема да го заборават заветот што ни го оставија. Да ги насочиме нашите погледи, стремежи и напори од заедничкото минато, кон заедничката сегашност и иднина. Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ“ – порача потпретседателката Бендевска.