Македонија
Снимка од „Тортура“: Бошкоски повторно донесен на паркингот пред „Воденица“
На втората снимка пуштена на денешното рочиште за случајот „Тортура“ може да се види како оштетениот во случајот, Љубе Бошкоски, повторно е донесен на паркингот кај ресторанот „Воденица“, како што рече обвинителот од СЈО, Љубомир Лапе, од страна на единицата за специјални задачи „Тигар“. На самото место е присутен и адвокатот Љубомир Михајловски – Џанго, а се слуша и разговор помеѓу инспекторите и адвокатот како се бара да се потпишат сите записници.
Од видеоснимката се гледа како се пристапува кон преглед на возилото, каде што е присутен и приведениот Бошкоски, кој во тој момент се наоѓа од другата страна на возилото и е оддалечен од приколката и подвижниот тоалет. Забележливо е и присуство на инспектори, кои носат качулки на главата, но не се гледа ниту еден од сега обвинетите припадници на единицата „Алфа“.
На снимката направена од МВР се гледа дека припадниците на единицата „Тигар“ немаат никаков контакт со Бошкоски за разлика од првиот пат додека траело апсењето, каде што, според обвинението, на Бошкоски му бил ставан пиштол на образот и му биле упатувани пораки.
Во случајот „Тортура“ на СЈО, покрај првообвинетиот Сашо Мијалков, обвинети се и припадниците на полициската единица „Алфа“ – Ивица Анчевски, Новица Станковски, Филип Атанасов, Петар Милошевски, Јован Боцевски и Метуш Шабани за извршена тортура врз лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Наредното рочиште е закажано за 20 ноември, каде што ќе се продолжи со разгледување на видеоматеријалите од МВР.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

