Македонија
Снопче: ВМРО и ДУИ заедно ги избраа обвинителите и судиите што ги чуваат предметите на Мерко во фиоки
„Ги имаме нови, од бомбите, разбирливо, затоа што со свои уши ги слушнавме како ВМРО заедно со ДУИ, тоа е ДУИ заедно со ВМРО, за што господинот Стојановски ја обвинува ДУИ, ги избраа обвинителите и судиите“, рече Халич Снопче, пратеник на АА.
Тој вели дека е познато како се избрани и токму тие „обвинители и судии се сè уште на функција и токму тие обвинители ги чуваат во фиоки случаите на актуелниот градоначалник Рамиз Мерко во врска со корупцијата за која господинот Стојановски го обвинува Рамиз Мерко дека Америка го ставила на црната листа, а ние наводно не знаеме и бара одговорност“.
Пратеникот вели дека се согласува со заклучокот, но и дека ВМРО заедно со ДУИ ги избра оние обвинители што ги чуваат предметите во фиоки.
„И сите се чудиме како Америка може да знае дека господинот Рамиз Мерко бил корумпиран додека ние не знаеме. Да биде иронијата уште поголема, премиерот Ковачевски во изјава е изненаден што ние внатре не знаеме дека Рамиз Мерко е корумпиран, а Америка знае“, додава Халич Снопче, пратеник на АА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

