Македонија
Советничка од СДСМ бара финансиска картичка од Арсовска: Каде се парите?
Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, на денешната седница упати прашања до градоначалничката Данела Арсовска и мнозинството во Советот за тоа до каде е реализацијата на клучните капитални проекти во Градот.
„Каде се парите? Една и пол година прашуваме и добиваме одговор дека ќе има реализација на проекти, па еве денеска пак прашуваме: До каде е изградбата на мостот ‘Љубљанска’ за кој имате 380 милиони денари пари од Владата? До каде е реконструкцијата на Универзалната сала за која имате 120 милиони денари од Владата? До каде е изградбата на клучката кај Момин Поток за што имате три милиони евра пари од Владата? До каде е реализацијата на ‘Бас рапид транзит’, до каде е реализацијата на пречистителната станица? До каде е изградбата на улиците Васко Карангелевски и Есенинова? До каде се изградбите на кружните текови кај поранешна ‘Нова Македонија’, кај Државниот завод за ревизија, оној во Ѓорче Петров и оној во Аеродром?“, праша Јанчева.
Таа побара да бидат доставени и сметките на Градот за конечно се види дали е навистина блокиран.
„Доколку сметката на Град Скопје не е блокирана, јас барам да ни се достави финансиска картичка за конто 220 и 221 за достасани обврски од земјата и странство како за Град Скопје така и за јавните претпријатија. Јас барам дневен извештај за состојбата на сметката и нам како советници тоа треба да ни биде овозможено“, порача Јанчева додавајќи дека буџетот на Градот за оваа година е некаде околу 700 милиони денари, а дополнително актуелната градска власт има наследено 13 милиони евра во градската каса.
Од Град Скопје, пак, тврдат дека Градот ниту е пред банкрот ниту ќе банкротира и прави сè што е технички возможно да ги врати долговите што ги наследил од претходните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, кои, како што се наведува, работеле недомаќински и ги задолжиле скопјани за милионски суми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла во околината на Демир Капија, умерен интензитет на сообраќај на патните правци
Појава на магла и намалена видливост до 60 метри во околината на Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!
Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. На прес-конференцијата, Филипче посочи дека новиот тим влегува во храбра и многу одлучна борба со „ненародната, корумпирана и криминогена власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН“.
Во продолжение е интегралната изјава на Филипче:
„На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се избра новото раководство. Нови партиски потпретседатели се доктор Александар Трајановски и пратеничката Јована Тренчевска. Членови на Извршниот одбор се луѓе коишто се еден дел искусни, еден дел млади, одлична спојка. Искусните ќе го пренесат своето знаење и искуство на помладите. Секретарските позиции ги задржаа актуелниот генерален секретар и еден од досегашните организациските секретари. Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба со оваа ненародна и криминогена и корумпирана власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН. И не сме сами, на денешниот состанок се продискутираа многу аспекти, ја шириме нашата платформа, повикуваме многу граѓански организации, независни поединци, интелектуалци. Го формиравме и Советот на партијата кој ќе има улога да привлекува слободоумни луѓе коишто ги делат нашите вредносни политики, поради тоа што нашиот фронт којшто го објавуваме вечерва постепено и сигурно ќе расте, затоа што ние се подготвуваме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните. Во рамките на тимот еден од најновите делови на целокупниот тим е Антикорупцискиот тим, составен од млади луѓе, истражувачи, но искусни луѓе коишто ги консултираме за активностите, кои се занимаваат со разоткривање на корумпираните шеми на актуелната власт. И вечерва цврсто и одлучно кажуваме, дека ние сме тие коишто ќе стават крај на политиката на изолација на државата од Европа. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на корупцијата и криминалот на оваа власт. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на предавството на безбедноста и националните интереси на нашата земја преку проектот мигранти за пари. Ние ја враќаме власта во рацете на граѓаните“.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.

