Македонија
Советот за реформи во судството: Неопходно е формирање посебно судско одделение за предметите на СЈО
Советот за следење на имплементацијата на стратегијата за реформи на правосудниот систем смета дека е неопходно формирање посебно одделение во кривичниот суд за предметите на специјалното јавно обвинителство. Советот вчера на седница ги разгледа измените на законите за судовите, за Судскиот совет и Кривичниот законик.
Отворајќи ја дебатата, министерката за правда, Рената Десковска, која претседаваше со работата на седницата, ги елаборира предложените измени на законите што се разгледуваа, со посебен осврт на Законот за судовите. Членовите на Советот своите дискусии главно ги насочија на работата на скопскиот кривичен суд како најголем и како суд со посебни овластувања.
„Акцентот беше ставен на неопходноста од формирање посебно одделение што ќе постапува по предметите што сега ги застапува специјалното јавно обвинителство, а за кое исто така беа дадени одредени предлози во насока на негова трансформација и натамошно функционирање“, соопштија од Владата.
Адвокатот Александар Тумановски го отвори прашањето за измена на членот 46 од предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, а за кој Адвокатската комора на РМ во текот на вчерашниот ден достави допис до Владата и до Министерството за правда, како и до Советот, за следење на имплементацијата на стратегијата за реформи на правосудниот сектор, со кој се предлага и адвокатите како дел од правосудниот систем да може да бидат предложени во постапките за избор на судии.
Претседателот на Основниот суд Скопје 2 – Скопје, судијата Илир Сулејмани, го отвори прашањето од недостиг на судии во тој суд, како и за видот и начинот на санкционирање на судиите, побара јасно разграничување на термините нестручно и несовесно постапување на судија во текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовитр.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

