Македонија
Советот на амбасадори ги повика членките на ЕУ да се залагаат за Северна Македонија и Албанија да добијат датум
Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори ги поздравува залагањата на европските лидери, на американскиот државен секретар Мајк Помпео како и на политичарите од повеќе европски политички провиниенции и интелектуалци на наредниот самит на Европскиот Совет, кој ќе се одржи во март идната година, Унијата повторно да го разгледува прашањето за проширување и на Република Северна Македонија и Република Албанија им се одреди датум за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.
„Здружението посебно ја поздравува спремноста на претседателот Емануел Макрон изразена во неговото интервју во ‘Економист’ дека тој е подготвен да дури и на наредниот Самит им даде зелено светло за датум за преговори на Република Северна Македонија и Република Албанија ако Унијата успее да ги направи потребните реформи и напоредно со тоа ако овие две земји-кандидатки, покажат напредок во исполнување на бараните реформи“, се наведува во сооштението на Советот на амбасадори.
Од таму велат дека сметаат дека на ЕУ ѝ се потребни длабоки реформи со цел нејзино поуспешно функционирање и поголем економски просперитет. „Советот е длабоко убеден дека Република Северна Македонија, како и многу пати досега ќе ги исполни потребните и барани реформи на домашен план“, се наведува во соопштението.
Советот на амбасадори ги повикува земјите членки на ЕУ, посебно тие кои поради една или друга причина имале одредена резерва околу проширувањето за некоја земја кандидат, максимално да се залагаат Северна Македонија и Албанија да добијат датум за започнување на преговорите, што, како што велат, несомнено ќе придонесе за стабилизација на севкупните односи не само во европскиот регион Западен Балкан, туку и пошироко.
Советот беше формиран во април годинава и претставува независно, непартиско, непрофитабилно здружение на амбасадори и поранешни шефови на дипломатии. Претседател е Љупчо Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

