Македонија
СОНК и Министерството за труд најавуваат конечно решение до крајот на неделата
Блиску сме до конечно решение, соопштија денеска на заедничка прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, и претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
„Денеска разговаравме за повеќе предлог-решенија од двете страни и дојдовме до приближување на ставовите“, рече министерката Тренчевска.
Таа најави дека преговорите ќе продолжат во текот на неделата.
„Продолжуваме со дијалогот се надевам дека до крајот на неделата, четврток – петок, ќе имаме конечно решение“, додаде министерката.
Неделков предупреди дека може да има последици доколку не се изнајде заедно прифатливо решение, но и тој потврди дека преговорите се движат во добар правец.
„Има добра волја од двете страни да се надмине ситуацијата, продолжува и дијалогот со МОН. Она што е договорено со работните групи од двете министерства e дека колективните договори ќе бидат пропишани во соодветна рамка“, нагласи претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

