Контакт

Македонија

Сончево и топло време преку ден, попладне краткотројно невреме

Објавено пред

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

dobivaj vesti na viber

Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени, јавува УХМР.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.

До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.

Македонија

Мицкоски: Поднесовме предлог измени на Законот за енергетика по скратена постапка со кој нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата

Објавено пред

Изминатите денови во јавноста една тема ги разбранува страстите и оправдано, тоа беше цената на електричната енергија која што ќе биде практично регулирана од страна на Регулаторна комисија за енергетика на Македонија во неделите кои што следат, а која што ќе биде апликативна односно важечка од први јули заклучно со 31 декември 2024 година. Во јавноста проструи информација дека истата ќе претрпи значителни корекции во негативен тренд за граѓаните, односно истата ќе биде зголемена. Како идна Влада не сакаме да се мешаме во работата на независните регулаторни тела. Но, исто така како идна Влада имаме одговорност, а тоа го ветивме пред граѓаните за време на кампањата за време на претседателските и парламентарните избори дека тие ќе бидат нашиот приоритет, стандардот на граѓаните ќе биде наш приоритет и како такви и како идна Влада имаме намера сериозно да се грижиме за стандардот на граѓаните, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

– И да не дозволиме истиот тој стандард поради ситни интереси на поединци да биде начнат односно загрозен. Во таа смисла група пратеници од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска прво потпишан сум јас, доставивме до Архивата на македонското Собрание предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка. Што е всушност овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика? Тоа е всушност предлог закон со кој нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинството односно стандардот на граѓаните ќе биде заштитен. А, со овој предлог закон нема да се дозволи она кое што проструи изминативе денови во јавноста како информација да биде драматично зголемена цената на електричната енергија. Цениме дека со овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка посебно домаќинствата кои што се во првата и втората група нема да добијат зголемени сметки за електрична енергија. А, исто така очекуваме и оние кои што влегуваат и во третата и во четвртата група зголемувањето на цената на електричната енергија да не биде значително односно да се движи помеѓу 1 и 2%. Тоа е она што ние како идна Влада можеме да го направиме“, додаде Мицкоски.

Како што посочува,  нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата кои добиваат електрична енергија од универзалниот снабдувач.

„Сега би навлегол малку и во суштината, ќе ми треба и стручно објаснување, ќе се обидам на едноставен начин да сето тоа го доближам до вас, за да може на македонската јавност, на граѓаните да им биде појасно. Како се формира цената на електричната енергија? Цената се формира како збир од четири собирока. Тоа е цената која за своите услуги ја наплаќа МЕПСО, цената која за своите услуги ја наплаќа ЕВН Дистрибуција, цената која за своите услуги ја наплаќа ги наплаќа операторот на пазар МЕМО, плус цената на самата електрична енергија.

Вие слушнавте во јавноста дека самата цена на електричната енергија која што ЕСМ поранешно ЕЛЕМ ќе ја доставува до компанијата која што е универзален снабдувач, официјално се уште таа цена не сме ја виделе, но слушнавме дека владата донесла одлука на една од седниците таа цена да се зголеми. Од тоа што можевме во јавноста да го слушнеме цената од 57 донеле одлука да ја зголемат на 60 евра за мегават час, ќе видиме дали е тоа така. Но, бидејќи ние сме внимателни рековме дека наш приоритет претставуваат граѓаните и нивниот стандард, затоа предвреме преземаме мерки со кои не би се случил овој ценовен шок, за потоа да имаме инфлаторна спирала која што ќе го начне стандардот на нашите граѓани. Да се вратам сега на формирањето на цената. Сите овие 4 собирока се множеа со коефициентот 1,115. Зошто со овој коефициент, затоа што тоа беше старата маржа која што универзалниот снабдувач ја наплаќаше од домаќинствата или тоа е 11,5%.

Откако истече тој рок односно од како истече лиценцата со старата маржа за стариот универзален снабдувач се распиша нов јавен оглас, нов тендер и најповолната понуда ја намали таа маржа од 11,5 на 9,9 проценти. Што правиме ние со овој закон, со овој закон всушност односно дополнување на законот за енергетика всушност велиме дека не е потребно бидејќи станува збор за исто правно лице повторно формирање на ново правно лице, нова структура нови трошоци за банкарски сметки нови процедури и така натаму нешто што ќе трае со месеци туку велиме дека бидејќи станува збор за старо нов бидејќи истиот кој што и порано бил универзален снабдувач како правно лице ќе продолжи да биде универзален снабдувач како правно лице и во иднина, нема потреба да регистрира ново правно лице, бидејќи станува збор за истото, само му ја продолжува регулаторната комисија, по основ на овој предлог закон кој што ние го доставуваме за дополнување на законот за енергетика важноста на лиценцата и тоа значи дека наместо маржа од 11,5 проценти која што до сега им беше наплаќана на граѓаните, ќе биде наплаќана маржа од 9,9 проценти.

И истовремено упатувам порака до универзалниот снабдувач да врши многу внимателно оптимизација на своите потреби односно при набавката на електричната енергија да се води најпрво од интересите на граѓаните а потоа да направи вистинска оптимизација на своето портфолио кое што понатаму ќе го испорача кон граѓаните да не набавува количини на електрична енергија кои што нема да бидат потребни, туку да се држи до пристапот кој што ќе биде чесен, одговорен и пред се инспиративен за граѓаните, односно да направи оптимизација за својата набавка на електрична енергија.

Доколку овие две работи се случат, односно овој Закон за дополнување на законот за енергетика се донесе, ќе биде намалена маржата од 11,5% на 9,9 проценти и доколку универзалниот снабдувач направи оптимизација на своето портфолио, односно оптимизација на количините на електрична енергија, тогаш јас ве уверувам дека граѓаните нема да добијат повисоки сметки за електрична енергија. Ние сме влада која што е одговорна, ние сакаме да бидеме влада која што главен интерес ќе биде интересот на граѓаните, така во овој период додека сеуште не сме официјално влада се однесуваме, така ќе продолжиме во иднина.

А, ќе сториме се што е во наша моќ, во овие шест месеци да го реорганизираме енергетскиот сектор во Македонија и веќе во следниот регулационен период од први јануари 2025 до 30 јуни 2025 година граѓаните да добијат поевтини сметки за електрична енергија, индустријата да добие, онаа која што е на регулираниот пазар, поевтини сметки за електрична енергија. На тој начин инфлацијата ќе биде задушена, односно цените наместо да се качуваат, ќе се намалуваат, граѓаните се нашиот приоритет и како идна влада имаме намера да ни бидат исклучиво важни граѓаните. Граѓаните направија тоа што требаше да направат сега, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да направи за граѓаните – рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дали велешкото езеро е пред еколошка катастрофа – партијата Левица ги повика институциите да објаснат што се случува

Објавено пред

Негрижата на институциите може да ја доведе во прашање безбедноста на користење на Езерото Младост, предупредува политичката партија Левица.

dobivaj vesti na viber

Од тука го начнаа прашањето дали велешкото езеро е пред еколошка катастрофа и дали му се заканува негово уништување.

Советниците на Левица – Велес денес го посетија Езерото Младост, кое повеќе од две недели е прекриено со непозната материја чиј состав сè уште не е утврден.

„Бараме од надлежните институции, Центар за јавно здравје, Републички инспекторат за животна средина, Општина Велес, Институт за јавно здравје, да ја информираат јавноста која е причината за ваквата состојба на Езерото Младост; да потврдат дали водата на Езерото е безбедна за негово користење, како и да преземат мерки со кои би се подобриле квалитетот и изгледот на водата во Езерото“, повика партијата.

Прикажи повеќе...

Скопје

Машинскиот факултет го прослави 65-годишниот јубилеј со голем настан

Објавено пред

На 19.06.2024 Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го прослави 65-годишниот јубилеј со голем настан кој ја истакна неговата богата историја и придонес во оваа област.

dobivaj vesti na viber

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ заедно со проректорите, професорите на Машинскиот факултет и останатите вработени на факултетот, како и партнери од индустријата се собраа да го одбележат овој јубилеј размислувајќи за децениската академска извонредност и придонес во научната област во Република Северна Македонија. Прославата имаше клучни говори од истакнати алумни и индустриски лидери, а настанот, исто така, послужи како платформа за откривање на идните иницијативи насочени кон одржување на наследството на извонредност на факултетот и поттикнување на следната генерација инженери.

Како дел од одбележувањето на јубилејот, тимот од студенти од Машинскиот факултет направија промоција на проектот „Формула студент“ под името MES Racing кој е основан првенствено на Машинскиот факултет, а моментално вклучува и членови од Факултетот за електротехника и информациски технологии. Тим од амбициозни студенти од Машинскиот факултет го започнаа овој проект за дизајнирање на болид за Формула 1, покажувајќи ја нивната инженерска моќ и иновативност. Проектот не само што ги предизвикува нивните технички вештини, туку и ги поттикнува способностите за тимска работа, решавање проблеми и управување со проекти. Овој потфат, поддржан од професорскиот кадар како и индустриски советници, претставува значаен чекор во нивното образовно патување. Овој храбар проект е доказ за посветеноста на студентите и посветеноста на факултетот за негување на иновативни таленти.Меѓудругото, во рамки на прославата, се одржа и промоцијата на дипломирани и магистрирани машински инженери од претходната учебна 2022/2024 година, како и доделувањето на наградите на првите 10 дипломирани студенти со најдобар просечен успех.

На ден 19.06.2024 во Новата зграда на Машинскиот факултет се одржа иновативниот студентски натпревар под името Team3Win спонзориран од престижната автомобилска компанија ADAC Automotive. Со цел инспиративна соработка помеѓу индустријата и академијата, ова спонзорство има за цел да го премости јазот помеѓу теоретското знаење и практичната примена, обезбедувајќи им на студентите непроценливо искуство преку решавање на реални проблеми од индустријата. Преку оваа иницијатива, на студентите од Машинскиот факултет (МФС) и Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) им се дава пристап до напредни ресурси, менторство од искусни професионалци и финансиска поддршка за развој на најсовремени проекти кои се движат од одржливи дизајни на возила. Ова партнерство не само што го подобрува образовното искуство на студентите, туку го поттикнува и духот на иновативноста и претприемништвото, подготвувајќи ја следната генерација инженери да се справат со предизвиците на автомобилската индустрија. Посветеноста на компанијата за поддршка на образованието и поттикнување на нови таленти ја нагласува нејзината посветеност на технолошкиот напредок и развојот на заедницата, создавајќи динамична синергија која им користи и на студентите и на поширокото инженерско поле.

На овој ден, Европското здружение на студенти по индустриско инженерство и менаџмент ESTIEM LG Skopje во соработка со PwC North Macedonia организираа обука во чест на 65 годишното постоење на Машинскиот Факултет во Скопје, со наслов: “ИТ ревизија, Кибернетичка безбедност и Вештачка Интелигенција+Важноста на внатрешната контрола“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Мицкоски: Поднесовме предлог измени на Законот за енергетика по скратена постапка со кој нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата

Изминатите денови во јавноста една тема ги разбранува страстите и оправдано, тоа беше цената на електричната енергија која што ќе...

Спорт45 минути

ФФМ од Даку побара да и се извини на македонската држава, а од УЕФА да го казни албанскиот репрезентативец

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по повод навредите кои од теренот на стадионот во Хамбург, ги испрати албанскиот репрезентативец...

Македонија2 часа

Сè повеќе повици за присуство на змии во Македонија, ЦУК со апел за внимателно движење во природа

На секои неколку дена има пријава за змии и во населени места. Центарот за управување со кризи информира дека во...

Македонија4 часа

25-годишен војник почина на Криволак, му се слошило за време на марш

Дваесет и петгодишен професионален војник почина на полигонот Криволак за време на марш кога му се слошило. Се работи за...

Спорт4 часа

(Видео) Албанскиот репрезентативец Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Албанија и Хрватска, вчера во Хамбург, одиграа одличен натпревар. Заврши 2:2, откако Хрватска направи пресврт по водството на Албанија, а...

Свет4 часа

Семејствата на жртвите бараат од „Боинг“ отштета од рекордни 25 милијарди долари

Семејствата на жртвите на двете несреќи на „боинг 737 макс“ побараа повторно судење и отштета од 24,8 милијарди долари за...

Македонија4 часа

Елфете Исмаили oд Алијансата е кандидат за заменик-министер за одбрана, а Флакрон Беџети за заменик-министер за земјоделство

Крилото на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците одржа состанок, на кој се разговараше за изборот на кадрите за идната...

Македонија5 часа

Сончево и многу топло време со температура до 40 степени

Времето денес ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен...

Топ16 часа

Исчезнаа седум Непалци кои работеле во скопски фирми

Седум лица од Непал исчезнаа во текот на вчерашниот ден. Според информациите, тие работеле во две скопски фирми, а им...

Македонија19 часа

Вонреден наздор во битолската болница и детската клиника по смртта на бебето

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор...

Економија19 часа

Мицкоски: По формирање на владата ќе ја разгледаме можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за намалување

Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги...

Економија1 ден

Бислимоски: Во однос на регионот, Македонија е една од земјите со највисоки загуби на вода

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски кажа дека загубите на вода во Македонија се некаде околу 62 проценти на ниво на...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Липково, загина 19-годишник

Вчера во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во село Оризаре, липковско,...

Македонија1 ден

Прегазена мечка на патниот правец Гостивар – Охрид

Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна...

Македонија1 ден

Петмина осомничени за насилството во дворот на Клиничкиот центар: со клоци и тупаници, со метални шипки, дрвени палки претепале едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично...

Регион1 ден

Три земјотреси за неколку минути го погодија Крит

Три земјотреси со јачина од 3, 3,4 и 3 степени според Рихтеровата скала се случија во раните утрински часови во...

Европа1 ден

(Видео) Руски нуклеарни подморници лансираа проектили, целта била оддалечена 170 километри

Подморници на руската северна флота со нуклеарен погон лансираа крстосувачки ракети кон морските цели како дел од вежбите во Баренцовото...

Свет1 ден

Путин го нападна Западот во разговорот со Ким, лидерот на Северна Кореја порача: Ова е историски момент

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна синоќа во својата прва посета на Северна Кореја по 24 години, ветувајќи дека ќе ги...

Европа1 ден

Американски војник осуден во Русија на речиси четири години затвор

Руски суд осуди американски војник на три години и девет месеци затвор под обвинение за кражба и закана со убиство,...

Свет1 ден

Шефот на НАТО за посетата на Путин на Северна Кореја: Загрижени сме

НАТО е загрижен за поддршката што Русија би можела да ја даде на севернокорејската ракетна и нуклеарна програма, изјави шефот...