Контакт

Македонија

Сончево и топло со температура до 23 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Максималната температура ќе достигне 21 степен.

Македонија

Груби-Цакај: Односите меѓу Македонија и Албанија се одлични

Објавено пред

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, Aртан Груби, се сретна со министерот за Европа и Надворешни Работи на Република Албанија, Гент Цакај.

На оваа средба, двајцата соговорници разменија мислења за актуелните политички теми во земјата и регионот. Двајцата заедно високо ја пофалија соработката меѓу Скопје и Тирана која е одлична.

Првиот вицепремиер Груби истакна дека Република Северна Македонија е многу посветена на исполнувањето на потребните реформи и задачи со цел што побрзо да се постигне отворањето на преговорите со Европската Унија.

Министерот за Надворешни Работи на Република Албанија, г.Цакај, му честита на првиот вицепремиер Груби за успешното спроведување на клучните политики кои се во прилог на сите граѓани во Република Северна Македонија.

Цакај, исто така, му кажа на Груби дека Северна Македонија не е само една соседна земја, туку е и пријателска земја и стратешки партнер со која имаме изградено односи преку дијалог и добра соработка. Целосното членство на Северна Македонија во НАТО и заедничкиот пат кон Европската Унија се додадена вредност за развојот на регионот и особено за мирот и стабилноста.

На крајот на средбата, Груби и Цакај разговараа и за начинот на либерализација на движењето на граѓаните, односно враќањето кон нормалноста на граничните премини, земајќи го како пример слободното движење меѓу Република Северна Македонија и Албанија. . Груби му рече на Цакај дека очекува за краток временски период истото слободно и безусловно движење да се спроведе и со Република Косово и другите соседни земји.

Прикажи повеќе...

Македонија

Елем: Краткотрајното испуштање вода од Охридско Езеро е поради чистење наноси во Црн Дрим

Објавено пред

Во моментов котата на Охридското Езеро се наоѓа на 7см над минималната кота. Зголеменото испуштање вода во изминатите дваесетина дена беше преземено во интерес на олеснување на најавените активности за отстранување на повеќе од 10000m3 нанос од песок и друг материјал на истекот на реката Црн Дрим, велат од Елем.

Оттаму додаваат дека проектот на чистење е финасиран од УНДП и одобрен од Министерството за животна средина и од Општина Струга.

„ На барање на изведувачот на работите (во прилог), АД ЕСМ како имател на водостопанската дозвола за користење на водите на Охридското Езеро за производство на електрична енергија, а согласно на тоа и регулатор на истекот, обезбеди максимален истек на вода со што беше овозможено непречено извршување на работите кои се во интерес на целата заедница.

Работите успешно завршија, и вчера (17.09.2020 година), при кота на Охридското Езеро 693.17 м.н.в. заврши понатамошното намалување на нивото.

Инаку, дозволените коти на Охридско Езеро согласно Водостопанската дозвола на АД ЕСМ се движат од 693.75 до 693.10“ се вели во реакцијата на компанијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николовски: Никој не смее да биде над законот, мора да постои ред и истиот да се почитува

Објавено пред

Ќе се избориме за функционален систем и фер општество, затоа што на овие и на идните генерации мора да им покажеме решителност и одлучност дека сме подготвени во следните 4 години да ги промениме работите дома, порача заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, на денешниот брифинг со новинари.

Вицепремиерот на брифингот посочи дека антикорупцискиот систем го сочинуваат повеќе институции и јавни органи, а неговата нова владина функција ќе игра координативна улога во насока на зголемување на нивната ефикасност и меѓусебна соработка во полза на граѓаните.

„На овие генерации мора да им покажеме решителност и одлучност дека сме подготвени во следните 4 години да ги промениме работите дома. Од менталитетот и тоа дека не треба сè преку врски и протекции да се прави, па понатаму. Дека може да одат по регуларен пат низ системот, без главоболки, туку со целосно остварување на своите права. Огромен е просторот на кој треба да се работи на полето за борба против корупцијата, од високата корупција до она што се случува на најниско ниво. Сето тоа е причина за разочараност кај младите и причина за недовербата што треба да ја вратиме“, изјави Николовски.

Притоа, Николовски посочи дека веќе се остварени првични координативни состаноци со дел од органите на антикорупцискиот систем, со експерти од областа и со меѓународните партнери. Во периодот кој следува ќе продолжат овие активности на запознавање и усогласување на ставовите и принципите на работа. Николовски потенцираше дека ќе се работи на воспоставување интензивна меѓуинституционална соработка, бидејќи, како што изјави, само така можат да се постигнат позитивни резултати во делот на превенирање и борба со корупцијата и криминалот. Притоа, Николовски најави дека ќе се зајакнуваат капацитетите на ДКСК и на Државниот завод за ревизија.

Николовски додаде дека во тек се и активности со цел реорганизација на јавната администрација, што пред сè подразбира кратење на бројот на органи, т.е. оние кои немаат своја улога и имаат ингеренции кои се преклопуваат со останати тела, да се спојат со истите или укинат.

Во однос на годините кои следат, процесите од ЕУ-интеграцијата и проблемот со човечкиот капацитет, тој изјави: „Треба да извлечеме максимум од потенцијалот што го имаме. Лично во кабинетот очекувам неколку луѓе, меѓу кои и такви кои напуштаат значајни позиции надвор од државата што се исклучително добро платени за да дојдат да работат во мојот кабинет во Владата. Тоа се луѓе кои немаат врска со партија или политика! Така ќе ја вратиме довербата на младите, да дадеме шанса да дојдат и заедно да одработиме во корист на граѓаните”.

Вицепремиерот Николовски потенцираше дека државната функција е привилегија, но и должност. Тој порача дека никој не е и не смее да биде над законот, и мора да постои ред и истиот да се почитува со одговорност од оној кој сторил казниво дело.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија2 часа

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија3 часа

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија3 часа

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија4 часа

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион5 часа

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет6 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија6 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион6 часа

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија6 часа

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет7 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет7 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија7 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ8 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа8 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет8 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион8 часа

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Македонија19 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ20 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет20 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Досие