Контакт

Македонија

Сончево и топло со температура до 30 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде околу 11, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на значително топло време, особено од четврток, кога ќе има и извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен јужен ветер.

Македонија

Враќањето на работа од 1. јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Објавено пред

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од 1. јуни не важи за хронично болните и за родителите кои имаат деца на возраст до 10 години, или деца на претшколска возраст.

Според одлуката на Владата, од 1. јуни годинава престануваат да важат заклучоците со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон градот Скопје, организирање на работниот процес со ротации и другите слични мерки и препораки. Оваа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа, дејствување и однесување на работно место кој се однесува на просторните услови, физичкото растојание во работните и другите простории, носењето лична заштитна опрема и слично.

Прикажи повеќе...

Македонија

Излегувале од собите, викале и не ги почитувале мерките – кривични за десетина лица кои дивееле во карантин

Објавено пред

СВР Охрид поднесе 10 кривични пријави против С.Љ.(25) од с.Матејче – општина Липково, С.М.(52) од с.Смешница – Струга, Ж.Б.(28) од Скопје, Ф.Р.(40) од Скопје, Р.Љ.(40) од Арачиново – Скопје, В.Н.(39) од с.Липково, општина Липково, Ш.А.(45) од Чаир – Скопје, Ф.Б.(39) од Тетово, А.Х.(27) од с.Отља – општина Липково, Н.А.(38) од Крушево, М.С.(61) од с.Осој – Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Како што информираат од полицијата, пријавените, додека биле сместени во карантин во хотел, во повеќе наврати излегувале надвор од собите, гласно викале и недолично се однесувале и не ги почитувале мерките, прописите и наредбите укажани од страна на полициските службеници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кафеаните ќе работат до 22 часот, на маса ќе можат да седат четворица само ако се од исто семејство

Објавено пред

Со одлука на Владата од утре може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти, со задолжително почитување на Протоколите утврдени од страна на Комисијата за заразни болести.

Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана утврдува дека работното време е ограничено од 08:00 часот до 22:00 часот, и се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Протоколот наведува дека е задолжително менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице.

На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.

Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5 метри.

Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна од страна на одговорно лице.

Се наложуваат засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Протоколот утврдува дека е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциони средства.

Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и с

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Кафеаните ќе работат до 22 часот, на маса ќе можат да седат четворица само ако се од исто семејство

Со одлука на Владата од утре може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови...

Македонија11 час

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа11 час

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа14 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион14 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија15 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија16 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија16 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија17 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија17 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија18 часа

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет19 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет19 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија20 часа

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија21 час

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија21 час

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава23 часа

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија1 ден

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија1 ден

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија1 ден

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Досие