Контакт

Македонија

Сончево со мала до умерена облачност и засилен ветер

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во источните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на топло време со пораст на температурите. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен северен ветер (над 70 km/h).

Македонија

Вработените во културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два дена од следната недела, најави министерството

Објавено пред

Министерството за култура и туризам информира дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат своите плати со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно со Закон и Колективниот договор.

dobivaj vesti na viber

Причините за доцнењето, според соопштението е заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии.

Претходно денеска Синдикатот реагираше дека се оставени без плата за големиот христијански празник.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Костова: За Владата може да има папаја и луксузи, за работникот трошки на софрата

Објавено пред

Празниците треба да се денови на спокој, меѓусебна поддршка и грижа. Но со актуелната власт на ДПМНЕ работниците немаат спокој ниту на празник, истакна на денешната прес-конференција Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Во овие празнични денови, на Велигден, Владата ги остави без плата културните работници, вработените во Центрите за социјална работа, работниците во Државниот трудов инспекторат, Државниот пазарен инспекторат, во Министерство за економија.

Овие граѓани празникот ќе го дочекаа во неизвесност и разочараност, без можност да си ги подмират основните потреби. ДПМНЕ грубо и без грам совест го крши законот за исплата на плати на сите вработени до 15 во тековниот месец за претходниот месец. Или за Владата на Мицкоски не важат законите или воопшто не им е грижа за работниците“, вели Костова.

Вистинското лице на Владата на ДПМНЕ, според неа, е тотална незаинтересирност за граѓаните.

Додава дека платата не е награда, таа е основно загарантирано законско право на секој работник.

„До таму дојдовме да во Македонија веќе не се зборува за економски развој, туку дали власта може да ја исполни законската обврска – исплата на заработената плата.

За Владата може да има папаја, манго и луксузи- за работникот трошки на софрата. Ова е врв на неодговорност и неспособност.

Вработните во јавниот сектор заслужуваат да ја знаат вистината- зошто не им е исплатена платата и кој ќе сноси одговорност за тоа“, праша Костова.

Како што оценува, за овие 10 месеци животот на работниците се претворил во преживување од месец во месец. Животниот стандард, додава таа е на дното, цените и сметките континуирано растат.

Нагласи дека македонскиот работник е со најниски плати во регионот, а власта го одби секое барање за покачување на платите.

„Ова е сликата на “новото нормално” – луксуз за власта, празни џебови за сите други“.

Барамат итна исплата на платите на вработените во јавниот сектор.

Прикажи повеќе...

Македонија

Директорот на БЈБ во посета на граничните премини Дојран и Богородица: отворени нови линии за побрз премин

Објавено пред

Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи Александар Јанев присуствуваше на Граничниот премин Дојран каде се поставени, оспособени и од денеска функционираат две нови контролни точки, а истовремено се отворени и две нови линии за премин.

dobivaj vesti na viber

„Овој значаен чекор претставува резултат на заедничката идеја што ја инициравме пред неколку месеци заедно со колегите од ГП Дојран и Регионалниот Центар Југ. Денес, таа идеја стана реалност“, истакна директорот на БЈБ Јанев, дополнувајќи дека по децении, по транзиции на држави и администрации, ГП Дојран добива нова димензија, нов изглед кој овозможува побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила. Со новите капацитети значително се намалува времето на чекање, особено во периодите со зголемен сообраќај.

„Овој проект не е значаен само за локалната заедница – регионот, туку и Македонија како и странските туристи кои добиваат вистинска можност за полесно и побрзо преминување на границата со Грција, преку ГП Дојран. Веруваме дека ова ќе придонесе за зголемување на туризмот, економска размена и уште подобра поврзаност меѓу двете земји. Ова е само уште еден доказ дека кога има волја и визија – резултатите не изостануваат“, рече Јанев.

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи денеска исто така оствари и работна посета и на ГП Богородица, каде директно од прва линија ја увиде контролата и протокот на патници и сообраќај.

„Со новопоставениот раководител на ГП Богородица разговаравме за важноста на оваа контролна точка, за потребата од професионално, одговорно и посветено работење на сите полициски службеници кои работат на овој премин. На колегите им нагласив дека постојано се залагам и ќе се залагам за унапредување на условите, знаењето и посебно модернизацијата на полицијата со помош на современите дигитални алатки, кој секој полициски службеник треба да ги гледа и користи како придобивка и олеснување на работењето а не како терет или појава од која треба да се плашат. Нагласив и дека носењето на полициската униформа не е само професија, тоа е гордост и обврска, со што се претставува државата и секој униформиран полициски службеник има чест да биде репрезент на националните вредности“, дециден беше Јанев, заклучувајќи дека се продолжува со посветеноста кон унапредување на граничната инфраструктура и создавање услови за модерен, ефикасен и безбеден граничен премин за сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Одземени возила: биле користени во „диви“ трки во Куманово

На 16.04. и 17.04.2025 во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат диви трки со...

Македонија3 часа

Синдикатот на културата разочаран од Љутков: вработените останаа без плата за најголемиот христијански празник

Секој март од 2021 па наваму, кога се коригира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат...

Македонија3 часа

Наместо куќен притвор, мерки на претпазливост за двајца поранешни инспектори на ДПИ, иста мерка и за лице од дискотеката

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во кабаре клуб “Пулс”, до Основниот суд во Кочани...

Топ4 часа

Се задушил од запалена плинска боца: пронајден починат маж во Кавадарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожар во урбана средина бил трагичен за повозрасно лице во Кавадарци. Од...

Македонија5 часа

Историја без Албанци-Новата програма за седмо одделение ги исклучува од учебниците, реагираат од ДУИ

Новата програма на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука за предметот „Историја и општество“ за...

Македонија5 часа

(Видео) Автомобил влече врзан коњ низ Скопје: полицијата го идентификуваше возачот

МВР го идентификуваше возачот на автомобилот кој влечеше врзан коњ во Скопје по вчерашното видео на кое реагираа граѓаните. Во...

Економија6 часа

Владата озаконува паушални фактури за струја, граѓаните не смеат да бидат жртви, апелираат Инженери на Македонија

Инженери на Република Македонија (ИРМ), денеска упати апел до пратениците и Министерството за енергетика за да ги отстранат како што...

Македонија6 часа

Маркетите од денеска со нова обврска: ќе треба јавно да ги објават цените на производите

Трговците се должни од денеска да ги објавуваат продажните цени на производите на нивните официјални веб страници. Министерството за економија...

Свет7 часа

Трамп ѝ се закани на Кина со царини до 245 проценти; Кина: Бесмислена игра со броеви, одиме до крај

Кина ги отфрли најновите најави за зголемување на американските царини, нарекувајќи ги заканите на администрацијата на Доналд Трамп „бесмислена игра...

Свет7 часа

Иран: „Целиот наш воен потенцијал е подготвен“

Техеран е подготвен да се одбрани од какво било мешање и закани, а целиот воен потенцијал е подготвен да ја...

Свет7 часа

Америка: Имаме нов план за мир, им го презентиравме на Русија, Украина и Европа

Соединетите Американски Држави им презентираа на Украина, Русија и Европа „рамка за траен и одржлив мир“, изјави портпаролката на американскиот...

Македонија19 часа

Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен...

Македонија22 часа

Папазов од притвор оди во куќен притвор – за седуммина осомничени за пожарот во Кочани мерката е заменета

Поранешниот градоначлник на Кочани, Љупчо Папазов, кој си поднесе оставка од функцијата по трагедијата во дискотеката „Пулс“, оди во куќен...

Регион22 часа

Револт во Германија поради новите правила за работниците од Западен Балкан, меѓу кои и македонските

Идната Демохристијанско-социјалдемократската влада планира да инвестира 500 милијарди евра во наредните години во реконструкција на дотраената инфраструктура: железници, патишта и...

Македонија1 ден

Почина уште еден повреден во пожарот во Кочани, кој се лекуваше во Белград

Министерството за здравство информира дека во согласност со информациите од Воено медицинската академија во Белград, денеска претпладне, за жал, на...

Македонија1 ден

Осомничениот полицаец за пожарот во Кочани по кој се трагаше сам се пријавил во Обвинителството

Полицаецот по кој се трагаше утрово сам се пријавил во Обвинителството. Тој е меѓу 10-те полициски службеници, кои од завчера...

Македонија1 ден

ЗНАМ: Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од Владата

За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска 30 дена по трагедијата во Кочани: Зошто се штитат актуелните полициски функционери, министре Тошковски, нели имате малку совест?

„Поминаа триесет дена од трагедијата во Кочани, во која го загубија животот 61 лице, а уште 200 беа тешко повредени....

Регион1 ден

Јотова: Постои обид од колегите од РСМ нормалните барања на Бугарија да ги претстават како каприц

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, ќе разговараат за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан....

Македонија1 ден

Обвинителството бара построга казна за возачот кој ја усмрти Теодора: вложена жалба на пресудата

Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7.4.2025 година, со која обвинетиот М....