Македонија
Сончево со температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. По котлините значително облачно или со појава на магла, особено претпладне. Во јужните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 4, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
Во Скопје претпладне ќе има значителна ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.
И в четврток ќе се задржи стабилно и суво време, по одделни котлини со појава на магла и значителна ниска облачност. Под влијание на влажен бран од петок попладне до недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег. Поради продор на студена воздушна маса од север, в сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1.000 метри, па снег ќе има и во повисоките населени места, особено во западните делови од земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицевски се сретна со евроамбасадорот Гир

Денес во Собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се сретна со претставникот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.
На средбата се разговараше за актуелните случувања, предизвици и проблеми со кои се соочуваме како држава поради лошото владеење на оваа власт, се разговараше за катастрофалната економска состојба и огромната задолженост на Република Македонија, како и за неуспешното справување со пандемијата и решавање на последиците предизвикани од Ковид кризата.
Исто така, на оваа средба се разговараше и за актуелните проблеми и предизвици со кои што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во целост се соочува во рамките на Собранието на Република Македонија, конкретно во однос на неговата функционалност и непочитување на процедурите и Деловникот за работа на Собранието. Се разговараше за инклузивноста на опозицијата во процесите внатре во Собранието, за престојниот попис, како и за ускратувањето на можноста на опозициските пратеници за дебата преку злоупотребата на европското знаменце и скратената постапка при носење на законски решенија кои што секојдневно пристигнуваат во Собранието на Република Македонија.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, констатираше и посочи дека во овој момент постои желба за соработка и комуникација помеѓу пратениците од власта и опозицијата, но сепак за продолжување на демократските процеси и конкретни реформи со цел приближување и придвижување на Република Македонија кон Европската Унија потребна е целосна соработка и желба за заедничко решавање и надминување на проблемите со кои што се соочуваме како држава во овој момент.
Имено, на средбата од страна на амбасадорот Дејвид Гир беше изразена подготвеност да се помогне во подобрувањето на односите помеѓу политичките субјекти со цел приближување на ставовите на власта и опозицијата во корист на граѓаните, што ќе придонесе за брзо и ефикасно решавање на секојдневните проблеми и предизвици со кои што се соочуваат граѓаните на Република Македонија.
На крајот, Мицевски изрази благодарност за конструктивната и продуктивната средба со амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир и посочи дека средбите од ваков карактер се здрави за демократијата и демократските процеси. Само ваков пристап и отворена комуникација помеѓу сите субјекти и чинители на политичката сцена во Република Македонија ќе придонесат за Република Македонија час поскоро да биде дел од семејството на Европската Унија.
Македонија
Груби вели дека рамковните административци имаат рок од 7 дена да се појават на новата работа

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, денеска соопшти дека 1.349 административни службеници, вработени по Охридскиот рамковен договор, ќе бидат распределени во 237 институции, органи на државната и локалната самоуправа.
Според Груби, на административните службеници, кои во рок од 7 дена нема да дојдат да си ги подигнат новите решенија, Министерството за политички систем ќе им ги раскине договорите за вработување и ќе ги пренесе на трансфер-листа.
„Трансфер-листата е во Министерството за информатичко општество и администрација, каде што веќе изборот не е нивен, односно од институција што има слободно место им се нуди. Ако тоа го одбијат, им се укинува работниот договор. Немаат веќе право да пребираат и да бараат друго работно место, ова е единствената опција“, рече Груби на прес-конференцијата.
Тој исто така ги наброја некои од институциите каде што ќе бидат прераспределени рамковните вработени, а повеќето ќе бидат вработени во МВР, Управата за јавни приходи, Државното правобранителство и во Царинската управа.
Македонија
Царовска: Повеќето од учениците се спремаат за матура, само во една гимназија има организиран бојкот

Законски утврдените рокови се почитуваа, 15 илјади ученици од четврта година пријавија матура, што укажува дека повеќето од учениците се припремаат за овој чин, вели министерката за образование, Мила Царовска.
„Сакаме секое дете да има можност да си ги оствари своите цели и соништа и, секако, да нагласам дека матурата е законска обврска што значи заокружување на образовниот процес или добивање диплома, што понатаму важи и за продолжување на образованието и за вклучување на пазарот на трудот“, рече Царовска.
Таа претходно изјави дека само учениците од една скопска гимназија имаат организиран бојкот на наставата, а другите се помали изолирани групи, а во некои средни училишта воопшто нема бојкот.
Од наредната година таа најавува дека ќе има соработка меѓу Министерството и средношколците за подготвување на тоа како ќе изгледа новата концепција за матурата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот