Македонија
Сообраќајот на Стража по една коловозна лента поради сообраќајка
Oд 16.30 часот на патен правец Гостивар-Кичево, после „Стража“, поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот беше во прекин.
Oд 17:05 часот на патен правец Гостивар-Кичево, после „Стража“, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Oд 16:20 часот сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар, кај м.в. „Тајмишка раскрсница“ е нормализиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без вода дел од општините Центар и Гази Баба
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска без вода ќе бидат дел од општините Центар и Гази Баба.
· поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф- 80 мм на улицата Коле Неделковски бр. 32, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица како и улицата Стефан Јакимов- Дедов во општина Центар;
· поради промена на затворач од водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на улицата Јани Лукровски бр. 2, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици: Јани Лукровски, 16-та Македонска Бригада и Трифун Хаџијанев во општина Гази Баба.
Скопје
Дел од општините Центар и Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од дел од улицата Тетовска во општина Центар;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците во околината на последната автобуска станица на ЈСП – линија 57, во населба Нерези во општина Карпош;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Орце Николов, Крагуевачка, Драган Ѓаконовски – Шпато, Беджих Сметана и Миладин Поповиќ во општина Карпош.
Македонија
Уставниот суд самиот треба да решава, а не ние да му кажуваме како да работи, вели Сиљановска-Давкова
Одлуката на Уставниот суд за одржување подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците е очекувана за претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Таа рече дека во Уставниот судот треба да има повеќе јавни расправи, бидејќи едно време беа речиси суспендирани. Тоа е онаа фаза кога ќе се поканат претставници на иницијаторите, институциите, и оние не се согласуваат со иницијативите, појасни Давкова.
„Потребна е таква расправа за да се соочат аргументите за и против, пред Уставниот суд да донесе одлука. Значи да го оставиме судот да решава врз основа на расправата и судијата известител, а не ние да му кажуваме како треба да работи“, рече Сиљановска-Давкова.
За бојкотот на седницата од страна на судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари, Сиљановска-Давкова нема разбирање. Вели дека тие се таму за да одлучуваат со гласање „за“ или „против“, а најшокантно звучело дека не можело да се признаваат одлуки на еднонационален суд.
Уставниот суд вчера одлучи да повика експерти за да слушне различни мислења за Законот за употреба на јазиците, а потоа да одлучува. Претседателот на судот, Дарко Костадиновски, по седницата рече дека сведоци сме на непримерно и политичко насилство, влијание, притисоци и уцени врз Уставниот суд, што е резултат на едно фрапантно отсуство на елементарна политичка и уставна култура.
Тој уверува дека одлуката за законот ќе биде донесена за неколку месеци и нема да дозволи натамошни притисоци, уцени и закани.
Законот за употреба на јазиците, по пет години од стапувањето во сила, беше прва точка на дневниот ред на седницата, која беше бојкотирана од судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари, а набргу салата ја напушти и судијата Фатмир Скендер.
Венециската комисија претходно имаше забелешки за Законот за јазиците укажувајќи дека не е прецизно наведено кои одредби важат само за албанскиот јазик, а кои и за другите јазици на заедниците.
ДУИ од неделата протестираше пред Уставниот суд, а владејачката коалиција од албанскиот блок „Вреди“ уверуваше дека албанскиот јазик не е загрозен.