Македонија
Со ограничувањето на маржите го штитиме стандардот на граѓаните, велат од СДСМ
Со ограничувањето на маржите за основните производи, го штитиме стандардот на граѓаните, велат од СДСМ преку соопштение.
Според нив, Владата во време на најголемата светска економска криза продолжува со мерки за ублажување на ценовниот шок и заштита на стандардот на граѓаните.
„Почнува да се применува мерката за ограничување на маржите за основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало.
Трговска маржа од 5 проценти е утврдена за леб, шеќер и сончогледово масло.
За брашно, макарони и шпагети, македонски ориз, кравјо млеко и јајца маржата се ограничува на најмногу 10 проценти.
Одлуката за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените ќе важи до 30 септември оваа година, со можност да продолжи до крајот на годината.
СДСМ како одговорна партија и во време на криза продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, со мерки за заштита на стандардот на народот и ликвидноста на компаниите“, се додава во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

