Контакт

Македонија

Спасовски испрати телеграма со сочувство до украинскиот премиер за авионската несреќа

Објавено пред

Премиерот Оливер Спасовски испрати телеграма со сочувство до украинскиот премиер Олексиј Гончарук за трагичната авионска несреќа.

„Со жалење ја примив веста за авионската несреќа на украинскиот ‘боинг 737’, што се случи во близина на техеранскиот аеродром, а во којашто животот го загубија повеќе од 170 лица.
Од името на Владата на Република Северна Македонија и од свое лично име, упатувам искрено сочувство до Вас, до украинскиот народ и до семејствата на настраданите“, е наведено во телеграмата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара итна расправа за правата на пожарникарите

Објавено пред

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје побара на денешната седница на Советот во град Скопје да се расправа како вонредна точка за состојбата и правата на пожарникарите од противпожарната единица на градот.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека пожарникарите не го добиваат надоместокот за опасност при работа иако имаат право на тоа и е законска обврска на Градот.

„Тие ги ризикуваат животите и спасуваат други животи додека Градот и градоначалникот Шилегов нема слух за нивните потреби, иако за тоа нивно право за исплаток на надоместок за опасност при работа  имаат и одлука на судот дека им припаѓа“, истакна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„За жал СДСМ и мнозинството во Советот гласаа против тоа да се разговара за алармантната состојба со правата на пожарникарите од противпожарната бригада на Градот Скопје. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во целост ги поддржува барањата на пожарникарите и апелира градоначалникот Шилегов и градот Скопје да им ги исплатат ветените средства и надоместоци за опасност при работата. Крајно несериозен и потценувачки е односот на Шилегов и градот Скопје кон луѓето кои работат за скопјани и нивната безбедност. За него темата со правата на пожарникарите е неважна да биде предмет на јавна дискусија“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 тестови, од денеска ќе функционираат две одделенија

Објавено пред

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант и администратор со што ќе се забрза процедурата за земање тестови за Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Како што велат од таму, на овој начин ќе се растовари приемното одделение имајќи предвид дека пациентите кои доаѓаат за тестирање ќе бидат распределени на два пункта.

„Пунктот работи секој ден од 7.30 до 14 часот за земање брисеви, а од 18 до 20 часот за подигнување на резултатите“, се наведува во соопштението.

Со отворањето на новиот пункт ќе се зголеми бројот на тестирања на дневно ниво и е предвидено дневно да се вршат до 1.000 тестови, што е за околу 150 тестови повеќе во однос на досегашните.

„Институтот располага со доволен број тестови за Ковид-19. Епидемиолошката служба ќе биде ангажирана во две смени, а за таа цел ќе бидат креирани и дополнителни термини за тестирање во системот МојТермин“, се додава во соопштението.

Инаку, предвидено е да се обезбедат вкупно 350 дополнителни тестови, по 100 на дневно ниво во Центарот за јавно здравје и во лабораторијата во Козле, како и споменатите 150 во Институтот за јавно здравје.

Од ресорното министерство нагласуваат дека со овие дополнителни тестови значително се зголемува капацитетот на тестирање и ќе може да се постигне дневна бројка и до 2.000 тестирања во јавните здравствени установи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Фронт 21/42: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

Објавено пред

Фронт 21/42 се приклучува кон Манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации со кој се бара од Европската Унија, Европската инвестициона банка и Европскиот Парламент, да се запре поддршката и финансирањето на нови хидроцентрали.

Одбележувајќи го Светскиот ден на миграција на риби, Фронт 21/42 заедно со организации како WWF – Светски фонд за природа, Climate Action Network Europe и BirdLife, алармираат за штетите кои произлегуваат од изградбата на нови хидроцентрали во Европа.

„Токму на европскиот континент сведоци сме на најголемо уништување на реките и предизвикување на речна фрагментација, со што се загрозуваат слатководните екосистеми, а истовремено нема значаен придонес во борбата против климатските промени“, се вели во соопштението.

Невладините ја потсетуваат ЕУ дека поддршката за нови хидроцентрали е во спротивност со целите за биодиверзитет на Новиот Европски зелен договор.Во Европа, популацијата на слатководни риби кои мигрираат е намалена за 93 % од 1970 година до денес. Хидроенергетските проекти се најголемиот виновник за колапсот на екосистемите, а сепак во моментов преку 5500 нови проекти се во процес на планирање или изградба. Балканот е под ризик од планови за изградба на повеќе од 2.700 хидроелектрани.

„Енергетска транзиција кон обновливи извори на енергија е неоправдана преку проекти како хидроцентралите со кои се уништуваат последните слободни реки и уникатниот биодиверзитет, особено кога енергетските придобивки се незначителни. Во моментов, 9 од 10 нови или планирани хидроцентрали имаат капацитет помал од 10 мегавати – овој незначителен удел во производството на електрична енергија зад себе остава пресушени реки, блокирани миграциски патеки на рибите, уништени речни екосистеми и локално население без вода за пиење и наводнување.И покрај постоечката легислатива чија цел е заштита на водните живеалишта и биодиверзитетот, гринфилд хидроцентралите се градат со забрзано темпо, и тоа најчесто преку јавна финансиска помош“, велат од еколошката организација.

Фронт 21/42 се приклучува кон барањето до Европската Унија, Европската инвестициона банка и Европскиот Парламент да се запре финансирањето за нови хидроцентрали. Бараме тие средства да се пренаменат за модернизација, еколошка трансформација на постоечките централи, за отстранување на застарените брани, како и за премин кон обновливи извори на енергија кои немаат негативно влијание врз природата. Сметаме дека новите хидроенергетски проекти не треба да бидат субвенционирани од државата, ниту финасирани од меѓународните финансиски институции (ЕИБ, ЕБОР; Светска Банка).Во нашиот регион се наоѓаат последните слободни реки на европскиот континент, но за жал драматичната експанзија на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки и уникатниот живот во нив.

„Во моментов на територијата на Македонија изградени се 9 големи и над 70 мали хидроцентрали кои се оперативни, но според издадените концесии таа бројка ќе се искачи на околу 120 хидроцентрали, од кои една третина се во заштитени подрачја.Збирната инсталирана моќност од малите хидроцентрали изнесува 106,32MW, што е удел од 5,12 % во вкупниот инсталиран капацитет за производство на електрична енергија на државата. Истражувањето кое во 2015 година го спроведе „Бенквоч” утврди дека најголем број од проектите финансирани од
меѓународните финансиски институции во заштитени подрачја се токму во Македонија, додека притоа се забележани видливи прекршувања на националните прописи, закони и меѓународни стандарди.

Малите хидроцентрали се финансираат преку сметките за струја во форма на повластени тарифи – 6% од парите кои ги плаќаат граѓаните се наменети за субвенционирање на малите хидроцентрали, односно, самите ние плаќаме за уништување на нашите реки.Без поттик од субвенциите, 90 отсто од постројките едноставно би биле нерентабилни. Субвенциите го направија бизнисот со малите хидроцентрали многу рентабилен – за градежните фирми, за банките и веројатно највеќе за инвеститорите.Во последните 10 години државата за мали хидроцентрали издвоила 72 милионa евра. Бизнисот со малите хидроцентрали го водат мал број на фирми кои прават милионски заработки, а концесиите неретко изобилуваат со законски прекршувања. Во НП Маврово плановите за мали хидроцентрали продолжуваат и покрај препораките на Бернската конвенција од 2017-та.Нашето приклучување кон Манифестот е дел од поголемата европска борба за прекин на финансирањето и изградбата на нови хидроцентралите со цел да си ги зачуваме реките и уникатното богатсво на живот кои тие го одржуваат, с евели во соопштението на еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42″.

Прикажи повеќе...

Најново

Наука56 минути

Научниците предупредуваат: Нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не започнал да замрзнува, иако е крај на октомври, што е...

Македонија1 час

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 тестови, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија2 часа

Фронт 21/42: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

Фронт 21/42 се приклучува кон Манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија2 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија3 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион3 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион3 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет4 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет4 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа4 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија13 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет15 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа16 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија18 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија22 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија23 часа

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа23 часа

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет23 часа

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија23 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат половина денар, а цената...

Свет24 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Досие