Контакт

Македонија

Спасовски и Жерновски во седиштето на ОН во Женева

Објавено пред

Делегација од Република Северна Македонија, предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во чиј состав ќе биде и заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, од денеска ќе престојуваат во Женева, со цел учество на 70. Сесија на Извршниот комитет на Програмата на високиот комесар за бегалци на ОН.

Во текот на утрешниот ден, Спасовски ќе има свое обраќање, а акцентот ќе биде ставен на активностите кои од страна на земјата се превземаат во однос на прашањата кои се високо на агендата на високиот комесар за бегалци на ОН.

Предвидено е за време на учеството на Конференцијата, Спасовски и Жерновски да остварат билатерална средба со високиот комесар за беглаци на ОН, Филипо Гранди.

За време на сесијата, покрај редовните прашања од надлежноста на Комитетот, предвидено е и одржување на Сегмент на високо ниво посветен на лицата без државјанство, кој ќе претставува основа за организирање на т. н Глобален форум за бегалци во декември годинава.

Македонија

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Објавено пред

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Јанева, која е обвинета во случајот „Рекет“, во четвртокот беше пренесена во клиниката „Жан Митрев“ поради висок крвен притисок и влошена општа здравствена состојба. Таа е во притвор од 21 август.

Освен Јанева, во случајот „Рекет“ обвинети се и Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец. Според обвинението, Јанева ја искористила и ги пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра.

Прикажи повеќе...

Македонија

За една недела казнети 317 несовесни возачи во Центар

Објавено пред

Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) во соработка со скопската сообраќајна полиција во текот на минатата недела санкционирале 317 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 07. до 13. октомври, со помош на специјалните возила ‘пајак’ на ПОЦ отстранети се 147 непрописно паркирани возила, од кои 43 несовесно паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство блокатор санкционирани се 170 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, информираат од јавното претпријатие.

Од ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Тимчо Муцунски ќе учествува на собранието на Европската народна партија

Објавено пред

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, на 14 и 15 октомври ќе присуствува на политичкото собрание на Европската народна партија. Во текот на Собранието ќе се разгледаат повеќе клучни прашања, и тоа: подготовка за претстојниот конгрес во Загреб, каде што ќе се избира нов претседател на ЕНП, статутарни промени во ЕНП, како и усвојување заеднички буџет.

Во текот на собранието се очекува да се отворат актуелни прашања од значење за Европската Унија, како што се брегзитот, потребите од внатрешна реформа и секако статусот на проширувањето. Покрај редовните средби со претставниците на сестринските партии во политичкото собрание, Муцунски ќе оствари средби и со повеќе европарламентарци, како и претставници на Европската комисија.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ26 минути

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден, откако вчера качувајќи се по патека кон врвот на „Илинден“, се...

Топ46 минути

Истрага за случајот во Богданци: Се опијаниле па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци, поради постоење на основано сомневање...

Македонија55 минути

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија2 часа

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа3 часа

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа3 часа

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт13 часа

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија18 часа

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ19 часа

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион20 часа

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура20 часа

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија23 часа

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија23 часа

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа1 ден

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија1 ден

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет1 ден

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија2 дена

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија2 дена

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Македонија2 дена

Заев очекува позитивна одлука за ЕУ, Мицкоски смета дека можно е да нема датум

Лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски денеска испратија пораки за очекувањата во врска...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: По примерот на Мицкоски и Заев да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел

По примерот на Христијан Мицкоски и премиерот, Зоран Заев, да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел. Ова...

Досие