Македонија
Спасовски и Маринов на граничниот премин со Бугарија делеа летоци за борба против корупцијата
На граничниот премин „Делчево-Лисичково“ денеска со делење на едукативен материјал „Остани чист, кажи и не на корупцијата“ се одржа превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните за пријавување корупција.
На заедничката активност присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот бугарски колега Младен Маринов.



Станува збор за заедничка соработка на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и Дирекцијата за внатрешна сигурност при МВР на Бугарија, во насока на интензивирање на билатералната и регионална соработка во областа на превенцијата и борбата против корупцијата.
„По септемвриската заедничка превентивна активност на граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево, а фокусирана на подигање на свеста на граѓаните за пријавување на корупција со делење на едукативен материјал со информативна содржина за начинот на пријавување на корупцијата на патниците, еве денес повторно се најдовме заедно овојпат на граничниот премин Делчево-Лисичково, а со иста цел: да ја реафирмираме нужноста од лична одговорност и совесност кај граѓаните како брана против секакви коруптивни предизвици“, рече министерот Спасовски.
Во склоп на акцијата, на полициските службеници им помагаат студенти во завршните години на Факултетот за безбедност при Универзитетот св.„Климент Охридски“ Битола, кои го делат едукативниот материјал информирајќи ги патниците за начинот и можностите за пријавување корупција сторена од службени лица и во двете држави.
„Со Маринов констатиравме, меѓу другото, дека од заеднички интерес на полициските служби во двете земји е натамошно продолжување и интензивирање на соработката не само во ваквиот облик на партнерство, туку и во други домени од полициското работење, како од превентивен така и од оперативен аспект водени од нашата цврста определеност за зајакнување на капацитетите на службите во брбата против корупцијата и организираниот криминал. Конечно, тоа е наша должност и обврска кон сите наши граѓани“, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

