Контакт

Македонија

Спасовски: Кривичното дело „злоупотреба на службата“ е во пораст на ниво на цела држава

Објавено пред

Безбедносната состојба на подрачјето на Битола е стабилна и се бележи намалување на криминалитетот, рече министерот Оливер Спасовски во изјавата за медиумите по денешната посета на секторот за внатрешни работи во овој град, како и на полициските станици во Ресен и Прилеп.

Притоа, Спасовски оствари и средби со градоначалниците Наташа Петровска, Живко Гошаревски и Илија Јованоски.

Како што рече министерот, безбедносна состојбата е стабилна на ниво на цела држава, а се бележи зголемување на кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и тоа за 111 проценти, податок кој, како што рече Спасовски, треба да биде јасна порака за сите функционери во оваа држава.

Покрај ова, министерот најави враќање на т.н. маалски полицаец на подрачјето на Битола.

„Дел од стратегијата на ова раководство на МВР е кога ги посетуваме полициските станици да разговараме и со локалната самоуправа и заеднички да ја вратиме врската меѓу граѓанинот и полицијата. Денеска разговаравме за неколку теми. Едната е давањето насоки за воспоставување на позорната служба, односно маалскиот полицаец на подрачјето на Битола“, рече Спасовски.

Втората мерка која ја најави министерот е активирање на советите за превенција со конкретен акционен план за посета на сите месни заедници во општините заедно со припадници на МВР, да се разговара за проблемите на граѓаните и на тој начин да се придонесе, за како што рече, враќање на довербата во полицијата кај граѓаните.

Спасовски потенцира дека еден од приоритетите кој ќе се реализира во соработка со локалната самоуправа е средување на состојбите во сообраќајот во градовите.

Македонија

Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Објавено пред

Агенцијата за обезбедување Секјурити Груп Сервисес (СГС) која се поврзува со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, доби нов тендер од 113 илјади евра. За овие пари, агенцијата треба да го обезбедува Археолошкиот музеј на Македонија за период од една година. СГС била единствената фирма која се пријавила на тендерот каде услов за да се добие била најниската понудена цена.

Минатиот месец, СГС доби уште тендер, за обезбедување на Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија од околу 24 илјади евра. СГС ги обезбедува и Агенцијата за електронски комуникации, основните училишта и детските градинки во Општина Аеродром, Општата болница во Велес.

Најголемиот договор е склучен со Агенцијата за електронски комуникации, кој изнесува 287 илјади евра.

Агенцијата за обезбедување СГС се појави на пазарот во 2010 година и за кратко време почна да ги потиснува останатите агенции и да ги добива најголемите државни тендери за обезбедување на клучни објекти, од кои голем број од проектот „Скопје 2014“. Иако зад агенцијата формално не стоеше ниту едно звучно име, во медиумите таа се поврзуваше со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој сега е во домашен притвор за случајот „Империја“.

Од прислушуваните аудио снимки на тогашната опозициска партија СДСМ стана јасно дека Мијалков се крие зад СГС и дека договара нови вработувања, одлучува кој ќе биде ангажиран во агенцијата и договара државни тендери.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шекеринска: За неколку седмици ќе стекнеме право на присуство и изнесување на мислења на состаноците на НАТО

Објавено пред

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оствари средба со делегација на Европскиот директорат за надворешни активности, предводена од директорот за кризен менаџмент и планирање, Габор Инклоди.

Од Министерството за одбрана информираат дека денешната средба се случува по неполни два месеца од доставената иницијатива Македонија да биде вклучена во европскиот проект за процена на хибридните закани, за која е добиен позитивен одговор.

Во разговорите со европските претставници, Шекеринска ги информираше дека Министерството за одбрана ја презема водечката улога на координатор на целиот процес за што веќе е формирано тело и е именуван национален координатор и негови заменици кои се експерти во областа. Во процесот, истакна министерката, ќе учествуваат 27 институции.

„Владата го финализираше Преспанскиот договор со кој, по исполнувањето на обврските и од двете страни, ќе се овозможи полноправно членство на Македонија во НАТО со што ќе се зајакне стабилноста и безбедноста на нашата земја и на регионот и ќе се намалат ризиците од таков вид. Веќе за неколку седмици Македонија ќе се стекне со право да присуствува и да изнесува мислење на сите состаноци на Алијансата“, рече Шекеринска.

Министерката дополни и дека македонската Влада промовира нова политика на создавање на пријатели наместо непријатели и дека со цел да внесе дух на соработка и помирување во регионот се фокусира на градење мостови и пријателства со соседите.

Од страна на европската делегација беше потенцирано дека државите од Западен Балкан не се само партнери туку и идни членки на ЕУ и дека цврстите врски со нашата земја се на високо место во агендата на Брисел.

Во рамки на посетата на европската делегација се одржала и тркалезна маса на која гостите од ЕУ и нашето Национално координативно тело дискутирале за следните чекори и временските рокови за нивно извршување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерство за здравство: Спасен пациент со мозочен удар со новата метода за лекување

Објавено пред

На пациент кој доживеал мозочен удар, поради запушување на магистрален крвен сад во мозокот, завчера тим лекари невролози, анестезиолози и радиолози, му го спасиле животот со помош на новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија, соопшти Министерството за здравство. Од таму додаваат дека оваа метода се применува во сите сите современи клиники во Европа и Америка.

Од Министерството појаснуваат дека станува збор за зафат со кој, во исто време со помош на тромболиза, која го омекнува тромбот заглавен во крвниот сад и тромбектомија или механичко отстранување на тромбот, и тоа во најкус можен рок, на пациентот му е спасен животот, но и моторните функции на екстремитетите, кои често како последица од мозочен удар остануваат во состојба на одземеност.

Пациентот на кој му е извршен успешниот зафат го посети министерот за здравство Венко Филипче.

„Пациентот се чувствува добро. Најважно е дека навреме се спасени сите витални функции кај него, непречено ги движи и нозете и рацете. Без примената на оваа нова метода пациент со ваков мозочен удар или ќе починеше или ќе останеше со трајни инвалидни последици. Голем успех за тимот лекари кои беа вклучени во овој, за нас иновативен пристап, но кој покажува многу добри резултати при состојби на акутен мозочен удар. Им честитам на колегите, а на пациентот му посакувам побргу да закрепне и си оди дома кај семејството“, изјави министерот Филипче.

Зафатот го изведе тим од лекари и медицински сестри од Универзитетските клиники за неврологија- д-р Анита Арсовска и д-р Бојан Бошковски, од клиниката за радиологија – д-р Петар Јаневски, д-р Менка Лазарова и д-р Дејан Даскалов и од КАРИЛ анестезиологот д-р Азби Агуши.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Агенцијата за обезбедување Секјурити Груп Сервисес (СГС) која се поврзува со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, доби нов тендер...

Македонија1 час

Стразбур ја донесе првата пресуда во корист на девојка од Македонија која го смени полот

Европскиот Суд за човекови права во Стразбур денеска за прв пат се произнесе за случај на македонско трансродово лице и...

Македонија3 часа

Владимир Талески и 20 обвинети во „Транспортер“ слушаа разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески

Во кривичниот суд во Скопје продолжи изведувањето на писмените докази во случајот на СЈО со кодно име „Транспортер“. Претходно беше...

Монструм Монструм
Македонија3 часа

Косово сè уште молчи за екстрадицијата на обвинетите во ,,Монструм”

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското...

Свет3 часа

(Видео) Пронајдена коса од двегодишното дете што падна во бунар во Шпанија

Спасувачките екипи пронајдоа коса од двегодишното дете што падна во длабок бунар во Шпанија. Со ДНК-тестовите е потврдено дека детето...

Свет3 часа

Тереза Меј подготвена да соработува со опозицијата за да се оствари брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека на опозицискта Лабуристичка партија ѝ се отворени вратите за преговори за брегзитот, при што...

Вести4 часа

Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави...

Свет5 часа

Путин во Белград со двајца двојници

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу...

Свет6 часа

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти...

Свет6 часа

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде...

Регион16 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа17 часа

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија18 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија21 час

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија21 час

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија22 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија23 часа

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија23 часа

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија23 часа

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Македонија24 часа

Скопјани принудувале малолетничка на проституција

Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете кога било пријавено дека двајца скопјани принудувале 16-годишно девојче да врши полови...

Досие