Македонија
Спасовски на средба со претставници на Македонскиот полициски синдикат
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, имаше средба со претставници на Македонскиот полициски синдикат предводени од претседателот Марјан Кицев. На средбата се разговараше за можните предизвици и насоки во делот за подобрување на условите за работа на полициските службеници.
Спасовски потенцира дека Министерството за внатрешни работи го заврши својот дел од обврските во врска со почнувањето градба на новиот центар за странци во Стенковец, објект од особено значење со кој земјава ќе ги обезбеди стандардите на ЕУ за третманот на лицата странци до нивното формално регулирање на статусот во државата. Министерот Спасовски ги информира претставниците на Македонскиот полициски синдикат дека досега се реновирани над 50 објекти во МВР, а во моментот се работи на СВР Куманово, Ресен и на Ростуше и ова динамика ќе продолжи и понатаму сè со цел подобрување на условите за работа на вработените. На средбата, меѓу другото, министерот Спаосовски информира дека многу бргу ќе се почне со испорака на новите униформи за полициските службеници.
Од Македонскиот полициски синдикат изразија благодарност до министерот Спасовски за досегашната поддршка и посветеност во реализацијата на голем дел успешно завршени проекти, како и за заложбите на министерот за значително подобрените услови за работа на полицијата и полициските службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

