Македонија
Спасовски од Куманово: На 27 април бевме подготвени да ги дадеме животите за слободата на државата

До пред години се боревме да се избориме за слободата и демократијата во Македонија и на 27 април во Собранието покажавме дека сме подготвени да ги дадеме животите за слободата, истакна потрпетседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Куманово.
„Денеска со успех констатираме дека таа слобода и демократија ја имаме, но сега е моментот чесните и клучни луѓе да ги победат арамиите, кои 11 години ја држеа земјата во темнина“, додаде Спасовски.
Таа битка не смееме да ја изгубиме, подвлече Спасовски, додавајќи дека таа битка се покажува на дело секој ден низ неселективна паравда и транспарентни постапки и секој еден што се огрешил пред законот се изведува пред лицето на правдата.
Спасовски се осврна и на остварувањето на клучниот предизвик во државата за консолидирање на безбедносниот систем. Тој истакна дека на 1 јуни 2017 година, кој ја презел министерската функција го затекнал Министерството за внатрешни работи со долг од 40 милиони евра, 15 години ненабевени унифирми и опрема, исти плати, без услови и мотивација за работа.
Сега, вели Спасовски, долгот е намален на 10 милиони евра, реконструирани се 36 полициски станици, а уште четири се реконструираат и тоа во Валандово, Гевлегија Крива Паланка и Кемањање.
„Нови комплетни униформи веќе добија Единицата за специјални задачи, воздухопловниот персонал, како и Одделот за обезбедување на личности и објекти, а во тек е комплетирање на униформите за Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка“, рече Спасовски.
Спасовски додаде дека со помош на средствата од ИПА е изграден објект за случај на елементарни непогоди во Прилеп, поставен е камен темелник за објектот на крим-техника на МВР, ќе се гради нов објект за центар за странци, кој од Гази баба се преместува во Стенковец.
Новата Агенција за национална безбедност е голем чекор кон рефома на безбедносните служби, а ова се само дел од мерките што позитивно влијаат на унапредување на условите за работа на вработените во МВР, рече Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Гази Баба и Кисела Вода денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од село Инџиково од улиците: 3, 7, 14, дел од ул. 10 и дел од ул. Маџари. (Општина Гази Баба)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Студеничанска и дел од ул. Драчевска. (Општина Кисела Вода)
· од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од ул. Добре Ивановски, и дел од ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
Македонија
Денеска максималната температура до 38 степени, од утре потопло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Потребна е забрзана интеграција

На покана на Јерн Фленк, директор на Атлантскиот совет, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на настан организиран од Советот, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Покрај министерот Муцунски, на настанот се обратија и министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, како и претставници Делегацијата на Европската Унија, невладиниот сектор и самиот Атлантски совет.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од одлучна и доследна поддршка за реформските процеси во регионот. Посебен акцент стави на Планот за раст како практичен инструмент кој го забрзува приближувањето кон единствениот европски пазар и носи реални економски придобивки за граѓаните – уште пред полноправното членство.
Министерот подвлече дека реформите мора да бидат препознаени и вреднувани од страна на Европската Унија преку конкретни и навремени чекори, со цел зачувување на кредибилноста на процесот на проширување и спречување на дополнително разочарување кај граѓаните. Тој истакна дека реформските процеси се потврда за јасната европска ориентација на Владата, и дека нивното спроведување не претставува само исполнување на агенда, туку реално подобрување на квалитетот на животот и на општеството во целина.
Во завршницата на обраќањето, министерот Муцунски, во контекст на денешниот Самит, ја повтори пораката дека Западниот Балкан е составен дел од Европската Унија и дека европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел. Тој упати повик за забрзана интеграција на регионот, што ќе значи и вистинска европеизација на овој дел од континентот.