Македонија
Спасовски од Никиштани: Ја намаливме младинската невработеност за 13.3 проценти

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски попладнево е на средби во општината Ѓорче Петров.
„Jа намаливме за 13.3 проценти младинската невработеност во последниве три години. Отворивме многу можности за младите посебно со проектот Младинска гаранција преку којшто само во 2020 година, само во првите 6 месеци, до 30 јуни се вработени 2.431 млад човек. Во 2019 преку Младинската ганарција се вработиле 6.036 млади луѓе, во 2018 година – 1.923 лица. Активните мерки за вработување во коишто влегуваат и разни добиени грантови, обуки, ИТ вештини, помогнаа на 14.000 млади до 29 години да најдат работа, да се обучат, да се дообразуваат соодветно, според побарувањата на пазарот на трудот“, порача во селото Никиштани, носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски кој со жителите зборуваше за шансите што ги отвораме за младите луѓе да се мотивирани да живеат, учат и работат во родната земја.
„Со поддршката што ја предвидуваме во следните 4 години за домашните и странски инвестиции од 600 милиони евра и странските инвестиции од една милијарда евра базирани на орджливост и иновации, огромни потецијали се отвораат за нови вработувања и повискоки плати за младите.Градиме иновативна држава, дигитализирана Македонија, праведна, правична и еко држава. Шансите за успех на младите дома се на дланка, да ги поддржиме со тоа што ќе избереме сигурна иднина. На изборите на 15 јули да го заокружиме бројот 3 на гласачкото ливче“, повика Спасовски во селото Никиштани во скопската општина Ѓорче Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Штедачите на „Еуростандард банка“: Пет години нема ниту едно обвинение, ниту еден обвинет, ниту едно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал стагнира – без обвиненија, без обвинети и без рочишта. „Само молк, само време што истекува, само надеж што бледнее,“ велат од Здружението.
„Не го забораваме јавното признание на Трифун Костовски за сторен криминал – незаконското префрлање на 3 милиони евра депозити во Комерцијална банка. Не ги забораваме фирмите поврзани со директори, роднини и бизнис-кругови, кои добиле кредити без реални гаранции. Не ги забораваме погледите на нашите најмили кога сфатија дека нивната макотрпна заштеда исчезнала преку ноќ поради недомаќинско работење на поедини криминогени умови. Не забораваме дека според извештајот за стечајот, 149 фирми не вратиле ниту една рата, а 58 од нив добиле кредити вредни 16,8 милиони евра, обезбедени само со обични меници“, велат штедачите.
Истакнуваат дека голем дел од оштетените се пензионери, работници и мали бизниси. Тие обвинуваат за „внимателно испланиран криминал“ во кој се вклучени лица од бизнис и семејни кругови на поранешни директори.
„Ќе постоиме додека последниот денар не биде вратен и додека последниот одговорен не биде изведен пред лицето на правдата. Во целиот овој план единственото нешто што не го планирале е дека ние – оштетените – ќе се обединиме и нема да замолчиме,“ порачаа од Здружението, прашувајќи дали побрзо ќе се изгради пругата Скопје–Солун отколку што ќе се поднесе обвинение за криминал тежок над 50 милиони евра.
Македонија
Без струја две улици во Илинден и Волково

ЕВН Македонија АД известуваат дека на денес без електрична енергија ќе останат:
· од 08.30 до 12.30 часот, корисниците на улица бр. 27 во нас. Илинден. (Општина Илинден)
· од 09.00 до 11.00 часот, корисниците на улица бр. 33 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистоичен правец.