Контакт

Македонија

Спасовски од Шуто Оризари: Направивме пресврт, сега сме општество што им помага на сиромашните

Објавено пред

Направивме пресврт и разлика, од општество во кое 11 години се газеше врз достоинството на луѓето станавме општество во кое се помага на сиромашните и ранливите, држава која се стреми сите да имаат и да уживаат еднакви права, истакна претседателот на Владата, Оливер Спасовски, кој заедно со заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, денеска извршија увид во работите на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“ во општина Шуто Оризари.

dobivaj vesti na viber

Во изјавата за медиумите премиерот Спасовски истакна дека Владата во изминатите три години покажа што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво.

„Покажавме дека македонското општество и нашите граѓани можат да бидат и солидарни и грижливи, дека може да се помогне на секоја индивидуа или заедница на која тоа ѝ е потребно. Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто и неколкукратно го зголемивме опфатот на корисници. Воведовме детски и образовен додаток за поефикасна борба против детската сиромаштија. Минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 14.500 денари. Го решивме проблемот со стечајците, денес околу 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари до нивно пензионирање“, потенцираше премиерот Спасовски.

Тој нагласи дека солидарно се бориме и против последиците на коронавирусот и дека сите погодени од корона-кризата добиваат институционална и солидарна помош.

„Направивме пресврт и разлика, од општество во кое 11 години се газеше врз достоинството на луѓето и станавме општество во кое се помага на сиромашните и ранливите, држава која се стреми сите да имаат и да уживаат еднакви права. Обезбедивме силна имплементација на политиките кои го помагаат вклучувањето на ранливите категории граѓани во општествените процеси и во институциите на општеството. Една од тие политики е квалитетното инклузивно образование за сите.

Денеска, овде, во општина Шуто Оризари, ја следиме таа трансформација во општинското основно училиште ‘Браќа Рамиз и Хамид’. Гледаме како се остварува стремежот и визијата на општинските власти, со поддршка на Владата, училиштето ‘Браќа Рамиз и Хамид’ да биде во првите редови на сите општествени трансформации и да прерасне во модерно училиште, училиште по мерка на секое дете, училиште на 21 век“, акцентираше премиерот Спасовски.

Тој образложи дека во континуитет во текот на 2018, 2019 и 2020 година се направени сериозни реконструкции и промени за да се создадат соодветни услови за работа во училиштето, како за учениците, така и за наставниот кадар и сите вработени, сè со цел подобрено и непречено одвивање на наставата.

„Општина Шуто Оризари доби поддршка и од Планот за чист воздух за 2019 година за промена на старите прозорци и врати во зградата на општината, со цел да се подобри енергетската ефикасност на објектот, со што се овозможи заштеда на топлинска енергија, како и заштеда на општинските буџетски средства. Дополнително од Планот за чист воздух, за општина Шуто Оризари се издвоени 500.000 денари за хортикултурно уредување и реконструкција на дворната површина со зелена површина во ОУ ‘Браќа Рамиз и Хамид’”, објасни премиерот Спасовски.

Тој потенцираше дека континуитетот продолжува и оваа година, дека во наредните месеци ќе почне изградбата на нова фискултурна сала, хортикултурно уредување на внатрешните и останатиот дел од надворешните паркови и зелени површини, ќе се замени стариот училиштен инвентар со нов и ќе се опремат училниците и кабинетите со современа технологија и смарт табли.

„Грижата за најмладите останува во врвот на приоритетите и на Општината и на Владата. Над 450 деца Роми чиишто семејства се во социјален ризик се ослободени од плаќање партиципација за посетување на градинка, во рамки на блок-дотациите што локалните самоуправи ги добиваат од Министерството за труд и социјална политика. Раниот детски развој е основата за понатамошниот развој и едукација на секој поединец и токму затоа во изминатите три години посветено и силно работевме на вложување во раниот детски развој. Инвестирано е во вкупно 43 градинки, а истовремено се јакнат и професионалните компетенции на воспитувачите, преку различни програми, но и со зголемување на платите. Само во текот на мината година платите на вработените во градинките се зголемени за 26 проценти“, ја акцентираше грижата и за најмладите од страна на Владата премиерот Спасовски.

„Независно од оваа програма, дополнителни 6.000.000 денари од буџетот на Министерството за труд и социјална политика се наменети за внатрешно опремување на нова детска градинка ‘8 Април’ во Општина Шуто Оризари. Со овие, и со други проекти во образовните и другите политики за еднаков пристап за развој на општеството, системски ја решаваме инклузијата на деца Роми со вклучување на единиците на локална самоуправа, како дел од зацртаните цели од Националната стратегија за Роми“, финално потенцираше во својата изјава премиерот Спасовски.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, се осврна на планот за чист воздух и енергетска ефикасност на државните и јавни установи имплементиран преку Министерството за животна средина и просторно планирање и во ова училиште.

„Она што е важно е дека ова хортикултурно уредување е опремено со системот ‘капка по капка’ и садењето е со плодородни дрвја бадеми и лешници за да можат децата и визуелно да учат. Преку планот за чист воздух оваа година ќе интервенираме во здравствениот дом овде во Шуто Оризари во вредност од 230.000 денари. Би сакал да потсетам за овој пост ковид-период и заложбата која ја имаат сите земји во Европа да нема државна зграда да не е енергетски ефикасна и што загадува е практично истата заложба што ја имаме и ние. Со милион денари е интервенирано кон општината Шуто Оризари за енергетска ефикасност со што ќе се зголеми за 30 проценти ефикасноста и така ќе одиме во сите јавни и државни установи во следниот период бидејќи тоа е најдобриот начин да се справиме со аерозагадувањето, а во рамки на борбата со аерозагадувањето планирано е поставување  мерна станица која што ќе ги детектира вредностите. Во овој момент во градот Скопје последната зимска сезона на претходната Влада во однос на оваа за 60 проценти е намалено во просек загадувањето по број на денови и по максимална и минимална концентрација“, истакна Макрадули.

Претседателката на Советот на Општина Шуто Оризари, Фатима Османовска, истакна дека ако една помала заедница е обесправена во однос на мнозинството и не може да ги ужива сите права во општеството, исчекорот напред е можен само со унапредување на образованието на таа заедница и затоа сме должни сите заедно да вложуваме во обезбедување услови за мотивација на децата и младите и нивно вклучување и останување во образовниот систем.

„Токму затоа инвестираме во нова најмодерна по европски терк детска градинка и во целосна реконструкција на едно од најголемите училишта во Република Северна Македонија, нашето ‘Браќа Рамиз и Хамид’. За децата и младите образовните и воспитните институции да ги чувствуваат како свој втор дом. Врвен приоритет и понатаму ќе ни бидат училиштата, сè додека не видиме цели генерации излезени од ова училиште, високообразовани, успешни бизнисмени, професори, лекари, политичари. Нудиме решенија за развој на заедницата, преку урбанизација на општината, првпат по 25 години. Секое домаќинство да има пристап до патишта проектирани и изведени по највисоки стандарди. Секое домаќинство да има безбеден дом од поплави и затоа следниот голем проект заедно со Владата ќе ни биде опфатот со атмосферска канализација на населбата во местата кои не се опфатени, во вредност од 1,5 милиони евра“, потенцираше Османовска.

Таа изрази уверување дека заедно со Владата ќе се продолжи на развивање наменски мерки, за младите, децата, пензионерите и вработените.

„Образован, вработен Ром со свој дом. Тоа е нашето мото за работа и како локална самоуправа сите наши ресурси ги насочувавме и ќе продолжиме да ги насочуваме со една цел – да бидеме и ние како заедница дел од едното општество за сите“, финално истакна во својата изјава Османовска.

Македонија

Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер

Објавено пред

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.

„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

dobivaj vesti na viber

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија

Објавено пред

Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа48 минути

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија4 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа4 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет5 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет5 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија6 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија7 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија9 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија10 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија10 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија10 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија11 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија15 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ15 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет16 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет16 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет16 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет16 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија1 ден

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....